Русија ќе тестира борбени роботи во акција

ОАО "766 УПТК"
Борбените роботи „Уран 9“ за првпат ќе бидат ангажирани на маневрите „Запад 2021“.

Министерството за одбрана на Русија за првпат ќе тестира борбени роботи од типот на „Уран 9“ во акција. Роботите ќе ги чуваат специјалните објекти и ќе се борат против дроновите на условниот непријател на воената вежба „Запад 2021“. Ова го соопшти весникот „Известија“, повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана на Русија.

Споменатиот извор истакна дека одлуката за примена на борбени роботи е веќе донесена. Апаратите ќе имаат задача да ја чуваат полската инфраструктура - складишта, командни места и други објекти. Со помош на оптичко-електронските системи роботот може да го открие непријателот, кој потоа ќе биде ликвидиран.

Покрај тоа, „Уран 9“ ќе ги надополни средствата за противвоздушна одбрана: ќе детектира дронови и ќе ги соборува, или ќе ги проследува податоците за целта до средствата за ПВО.

Изворот на весникот „Известија“ додаде дека маневрите „Запад 2021“ ќе придонесат за донесување одлука за борбени роботи на бојното поле и во единиците што ќе ги добијат. Во август, единица опремена со роботи „Уран-9“ имаше вежба на полигонот Мулино во Нижегородската област. Тогаш овие апарати првпат беа применети во борбен режим за време на одбранбени дејствија, истакнаа од Министерството за одбрана на РФ.

Во јануари ТВ „Ѕвезда“ објави видео под наслов „Воини на иднината“, кое се занимава со примената на мултифункционални роботски системи „Уран 9“.

Познато е од отворени извори дека борбениот роботски систем „Уран 9“ е развиен од компанијата „776 управување со производствено-технолошка опрема“ (776 управление производствено-технологической комплектации). Машината со шасија на гасеници доби борбен модул со топ 2А72 со калибар 30 мм и тенковски модернизиран митралез „Калашников“ со калибар 7,62 мм. Тие се дополнети со четири противтенковски наведувани ракети „Атака“. Таквиот арсенал му овозможува на системот да се бори против непријателската жива сила и техника, вклучително и нисколетечки воздушни цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња