Рускиот „Терминатор“ во Сирија: Се појави првата воена фотографија на борбениот робот „Уран-9“

Mars.Online (Bog.rata)
На интернет се појави првата фотографија на која се гледа примена на боевиот робот „Уран-9“. Оваа фотографија е снимена некаде во Сирија (провинцијата Хама), веројатно во длабочината на првата линија на фронтот.

Првите информации за појавувањето на рускиот борбен робот „Уран-9“ на територијата на Сирија се појавија минатата година. Тогаш беа регистрирани и првите недостатоци што ги имаше овој робот при ангажирањето во реални борбени услови, пренесува порталот Mars-online. Во меѓувреме овој робот ја помина програмата за модификација која ги елиминира воочените недостатоци. По овој процес „Уран-9“ повторно беше вратен во Сирија, каде што започна нов циклус на проверка во реални борбени услови. Неговата примена ќе биде индицирана во составите на руските специјални единици, како и оклопно-механизираните борбени групи.

Употребата на борбениот робот „Уран-9“ ќе ги минимизира загубите во жива сила. Неговата примена ќе биде ефикасна во сите услови на борба. Како на отворено, така и во урбани услови. Тешкиот гасеничар ќе биде доста употребуван во операции за извидување на непријателските позиции. Командно-управувачкиот пункт во кој ќе се наоѓа операторот ќе управување со роботот од далечина од 3000 метри.

Се работи за роботизирана борбена платформа која може да се класифицира како тешко вооружена. „Уран-9“ е опремен со автоматски топ 2A72 што го користат борбените возила на пешадиите, како и со спарен митралез ПКТМ.

Неговата огнена моќ е максимизирана со додавање на лансери кои содржат противтенковски ракети „Атака“. Овие ракети можат да ја уништат својата цел на растојание и до 5000 метри. Тие се карактеризираат со исклучително голема пенетрација која може да пробие цел метар хомоген челик заштитен со реактивни плочи. Покрај „Атака“, има и ракетни фрлачи „Шмељ-М“ кои имаат муниција со термобарични боеви глави која е исклучително ефикасна против непријателската пешадија. 

„Уран-9“ е заситен со блок оптоелектронска опрема што му овозможува ефикасно да се користи без оглед на времето на денот (ден/ноќ) или временските услови.

Платформата на која се наоѓа целиот овој склоп му овозможува на роботот да се движи по комплексен терен со брзина и до 35 км/час. Со полн резервоар „Уран-9“ може да совлада дистанца од 200 км. Неговата вкупна боева тежина достигнува 12 тони.

Погледнете го видеото: Тестирање на најновиот борбен роботизиран систем „Уран 9“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња