Огромен портрет на рускиот претседател Владимир Путин се појави во четвртокот на мостот Менхетен во Њујорк, пренесува телевизијата Си-Би-Ес.
Транспарент со димензии шест на девет метри со портрет на рускиот лидер и натпис „миротворец“ беше истакнат на мостот околу 14:30 часот (08:30 по македонско време).
Претставниците на градските власти набрзо го симнаа портретот. Полицијата ги иследува снимките од видеонадзорот за да го најде авторот на акцијата.
Настанот веднаш беше забележан и на социјалните мрежи.
Денеска, петок, 07 октомври, претседателот на РФ Владимир Путин полни 64 години, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.