Видеоснимката што ја направи Министерството за одбрана на Руската Федерација ја прикажа телевизиската станица „Ѕвезда“. Овој повеќенаменски систем со кој се управува далечински ќе може да се види на 9 мај на Парадата на Победата во Москва. Како што велат од одделението за информирање и медиуми на рускиот воен ресор, на парадата покрај роботизираните системи „Уран 6“ и „Уран 9“ ќе учествуваат и беспилотните летала „Катран“ и „Корсар“.
Борбениот повеќенаменски роботизиран систем „Уран 9“ е наменет за заштита на жива сила од непријателски напад и обезбедување на нејзино повлекување пред напад. Може да уништува не само жива сила и леснооклопна техника, туку и потешки тенкови. На борбените машини без екипаж се поставени противтенковски наведувани ракети „Атака“, автоматски топ 2А72 со калибар 30 мм, како и митралез со калибар 7,62 мм, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче