Во пробите учествуваа 12 брода од различни класи и намена: од големиот десантен брод „Петар Моргунов“ до корветата „Гремајашчи“. Во стројот имаше и три подморници од проектот „Варшавјанка“ и цел одред на бродови на Северната флота, предводени од ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Тие поминаа во единечен строј, држејќи растојание од 1,5 кабли и брзина од 9 јазли. Екипажите одработија и воен поздрав. На денот на Главната поморска парада пред целиот строј ќе помине брод со командантот на флотата.
Слична проба се одржа и на Нева. Сè уште сонливиот град ги пречека учесниците на Главната поморска парада во „прегратките“ на подвижните мостови. Точно во 5 часот наутро, на пристаништето на Сенатскиот плоштад се појавија три противдиверзантски брода од серијата „Грачонок“. Тие го предводеа парадниот строј.
Барањата за пробите се исти како и на генералната проба: растојание, брзина, порамнување. Десантниот брод „Алексеј Баринов“ на Нева има посебна мисија. На него ќе биде поставена копија од ботик (мал дрвен брод – заб. на уред.) на Петар Велики. Го сметаат за дедо на руската морнарица.
Во обуката се вклучија и 20 воени бродови и чамци. Поминувањето трае 13 минути. За странските туристи, ова е ретка можност да направат за спомен селфи фотографии со позадина од бродовите. Покрај новата фрегата „Адмирал на флота Касатонов“, која ќе се појави на Нева, ќе има и дебитанти - малите ракетни бродови „Одинцово“ и „Зелен Дол“ на Балтичката флота.
Новодојденците на парадата беа предупредени дека е многу потешко да се одржи строј на Нева отколку во Финскиот Залив. Во прилог на сложениот строј и тесните мостови, кормиларите мора да ги земат предвид подмолните бранови што се удираат во гранитните брегови.
Во колоната ќе поминат и противминските бродови „Павел Хенов“ и „Александар Обухов“. Вториот нема пандан во светот, ниту во однос на опремата, ниту според конструкторските карактеристики. Трупот, направен од монолитна пластика, го прави невидлив за непријателските мински полиња.
Парадниот строј, кој се протега на скоро 4 км, ќе оди по Нева, по што бродовите ќе се постројат, ќе ја почекаат следната вечер и под подигнатите мостови ќе се вратат во Финскиот Залив до пристаништето Кронштат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче