Рускиот оклопен транспортер „Бумерангˮ доби далечинско управување

Alamy
Рускиот оклопен транспортер „Бумеранг“ доби нова функција. Сега може да се управува на далечина, со помош на мобилен телефон.

Ова го изјави генералниот дирекот на „Военоиндустриската компанија“ Александар Красовицки, пишува ТАСС. Тој истакна дека во режим на далечинско управување „Бумерангˮ може да се движи напред и назад, да ги врти куполата и цевката. Освен тоа, на екранот се гледаат показателите за резервите на гориво и температурата на маслото.

Медиумите веќе пишуваа дека врз база на унифицираната платформа на тркала „Бумерангˮ може да појават голем број модели на воена техника. Масата на возилото достигнува 34400 килограми, а носивоста му е 10700 килограми. Моторот ЯМЗ-780 со моќност од 750 коњски сили обезбедува максимална брзина на пат од 100 километри на час. Со полн резервоар може да помине 800 километри. Борбеното возило на пешадијата К-17 има модул „Епохаˮ со автоматски топ со калибар 30 милиметри, спарен митралез од 7,62 милиметри и противтенковски ракети „Корнетˮ.

Генералниотот директор на „Военоиндустириската компанијаˮ Александар Красовицки рече дека „Бумерангˮ е најмоќниот оклопен транспортер на Русија на тркала.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња