БТР-82А
Виталиј В. КузминСпецијалните клима уреди ќе го ладат механизмот на возилото и, ако е неопходно, ќе ги палат и загреваат моторите на оклопната техника која мирува на температура од 50 степени. Клима уредите ќе бидат од полза и на екипажот во возилото.
Клима уреди досега не се вградуваа во руските оклопни возила. Меѓутоа, руските воени возила сега се користат и во земји со топла клима и на Арктикот, затоа Министерството за одбрана на Русија бара техника која ќе ги поднесе сите услови.
Раководителот на службата за маркетинг и реклама на компанијата „Електромашина“, задолжена за изработка на клима уреди, Александар Чуваткин вели дека неговото претпријатие може да предложи различни системи за новата и модернизираната воена техника. Уредот може да послужи и за полнење на акумулаторот додека моторот не работи. Тенкот Т-90М исто така првпат ќе биде опремен со клима уред.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче