„Бумеранг-17“ (К-17) со борбена купола без екипаж „Бумеранг-СМ“
AlamyБорбената платформа на тркала на која е поставен оклопен транспортер презеде низа технологии од советските оклопни транспортери, но поседува и некои напредни специфичности кои се токму она што му го гарантира успехот на „Бумерангˮ.
Главната специфичност е што префрлувањето на одделението со моторот во предниот дел на возилото обезбедува не само подобра заштита на луѓето во возилото од куршуми и мини кои доаѓаат од фронтален правец, туку исто така им овозможува на војниците и полесно излегување низ широкиот отвор на задниот дел, што истовремено е побезбедно за нив. Кај претходните модели војниците мораа полека и ризично да се извлекуваат низ отворите на врвот и од страна на возилото.
И покрај релативно големата маса на возилото подготвено за возење (со возач, гориво и основната опрема) која изнесува речиси 35 тони, „Бумеранг“ ја задржа способноста да се движи низ вода со помош на две водени џет-пумпи на задниот дел. Според конструкцијата и можностите рускиот оклопен транспортер е сличен на новото амфибиско возило на Маринскиот корпус на САД, пишува „Национален Интерес“. Овие возила имаат иста формација на тркалата 8х8.
Се очекува во руската војска „Бумеранг“ да биде мултифункционално оклопно возило. Тоа може да се користи при извидување, давање огнена поддршка на пешадијата и заштита на пешадијата од напади од воздух. Во основната варијанта БТР поседува борбен модул на далечинско управување со топ со калибар 30 милиметри и противтенковски ракети (истата купола се наоѓа и на борбеното возило на пешадијата БМП-15). Можно е и поставување на топ со калибар 57 милиметри и митралез.
Се појавуваат и предлози на „Бумеранг“ да се постави противтенковски топ за подобра поддршка на пешадијата. Во таа верзија возилото ќе наликува на француските тенкови на тркала од времето на Студената војна, смета магазинот, но со современо ниво на заштита. Ефикасноста на оклопниот транспортер со топ против вистинските тенкови се доведува во прашање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче