Американските медиуми реагираа на видеото објавено по повод 30-годишнината на аеробатската група „Руски витези“. Тие укажуваат на фактот дека и пилотите, и машините, кои го организираат спектакуларното шоу на небото, ја задржуваат својата борбена способност.
The Drive пишува дека видеото дава претстава за работата на единицата, која демонстрира разни аеробатски фигури. Но, според авторот на публикацијата, најинтересниот дел од видеото е лансирањето на боева ракета од еден од авионите. Изданието смета дека станува збор за ракета со краток дострел со инфрацрвено наведување Р-73 или Р-74М, пренесува „Росијскаја газета“.
„Пилоти што лансираат боеви ракети не е нешто типично за аеробна група чии екипажи, барем во западниот свет, обично ги оставаат своите борбени должности за одреден временски период, фокусирајќи се исклучиво на показни летови. Во Русија, сепак, сè е поинаку, а пилотите на „Руските витези“ ги задржуваат своите борбени квалификации“, пишува The Drive.
Исто така, се истакнува дека авионите на единицата се целосно подготвени за борба, издвојувајќи се само со своите светли бои. За разлика од нивните американски пандани, машините не се опремени со генератори на чад или други сериозни „невоени“ модификации.
Пилотите на „Руски витези“ и на другата аеробатска група - „Стрижи“, можат да стапат на борбено дежурство доколку е потребно, што значи дека тие поминуваат секојдневна борбена обука, која вклучува и боево гаѓање, пишува изданието. Покрај тоа, пилотите треба да бидат умешни во ракувањето со оружје од класите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче