„Руски витези“ и „Стрижи“: Атрактивни сцени од тренинг на акробатски летови во Подмосковје

Марина Лисцева/TASS
Авионите на овие две групи за акробатско летање имаат карактеристични бои и само по тоа се разликуваат од авионите во активните борбени единици.

Ловците Су-35 и Су-30СМ во боите кои станаа препознатливи во целиот свет ѝ припаѓаат на групата за акробатско летање под називот „Руски витези“. Тие денеска се вивнаа во небо над подмосковскиот аеродром Кубинка носејќи бомби под крилата.

Во тренингот учествуваа и пилотите на акробатската група „Стрижи“. Тие со ловци МиГ-29 исто така извршуваа вежбовно-борбени задачи.

Треба да се истакне дека „Витези“ изведуваат акробатски фигури со сериски примероци на борбени авиони и редовно ги демонстрираат вештините на воените пилоти. Групата е формирана 1991 година врз основа на Првата авијациска ескадрила на 234 гардиски Проскуровски мешовит авијациски полк, базиран на подмосковскиот аеродром Кубинка. Нејзините пилоти изведуваат групни и поединечни акробатски фигури на повеќенаменски високоманеварски ловци Су-27П и Су-27УБ. Групата од 2016 година почна да користи нови авиони Су-30СМ, а во 2019 година доби нови Су-35С.

Групата „Стрижи“ изведува акробатски фигури во група, во парови и поединечно. На нејзиниот репертоар се, меѓу другото, и фигурите „пирамида“, „чекан“, „ѕвезда“, „стрела“, „крст“ и „крило“.

„Стрижи“ и „Руски витези“ заедно ја изведуваат уникатната фигура „Кубански брилијант“, кога во мешовита формација летаат девет ловци Су-30 и МиГ-29.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња