„Руски витези“ и „Стрижи“: акробатските групи тренираат примена на ракети „воздух-воздух“ (ВИДЕО)

Пилотите добија инструкции, се запознаа со метеоролошките услови и се подготвуваат за лет.

„Руски витези“ и „Стрижи“ се подготвуваат за лет над подмосковскиот град Кубинка. Зад командите се наоѓаат млади екипажи кои првпат тренираат борбена примена на наведувани ракети од класата „воздух-воздух“. Пилотите во составот на акробатските групи се во секој момент подготвени за примена на ракетите.  

„Руски витези“ се единствена акробатска група во светот која лета со тешки ловци.

Треба да се каже дека „Витезите“ изведуваат акробатски летови на сериски примероци на борбени летала и редовно ги потврдуваат вештините на воени пилоти. Групата е основана 1991 година во базата на Првата воздухопловна ескадрила на 234 гардиски Проскуровски мешовит воздухопловен полк кој е базиран на подмосковскиот аеродром Кубинка. Реализира групни и поединечни акробатски летови со повеќенаменски ловци Су-27П и Су-27УБ со високи маневарски способности. Во 2016 година групата почна да користи нови авиони Су-30СМ. Во 2019 година беа добиени и нови авиони Су-35С.

„Стрижи“ се акробатска авијациска група на Военото воздухопловство на Русија. Изведуваат групни и поединечни летови со повеќенаменски ловци МиГ-29 со високи маневарски способности.

„Стрижи“ изведуваат фигури на акробатско летање во група или во пар, како и поединечно. Нивните настапи опфаќаат прелети во поредок на „пирамида“, „чекан“, „ѕвезда“, „стрела“, „крст“ и „крило“.
Заедно со „Руски витези“ „Стрижи“ ја изведуваат уникатната фигура „Кубински дијамант“ кога во мешовит строј настапуваат девет ловци Су-30 и МиГ-29.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња