Потврдено како ќе изгледа најновиот руски „невидлив” бомбардер ПАК ДА

Министерство за одбрана на Руската Федерација
Министерството за одбрана на Русија потврди дека бомбардерот на иднината ќе има облик на „летечко крило“, а главната тактика на примената на ПАК ДА ќе биде „тактиката на долга рака“, односно користење оружје со голем дострел.

По неодамнешните тестирања на радарската видливост на макетата на најновиот бомбардер и проверката на нејзините аеродинамички карактеристики, рускиот одбранбен ресор го потврди конечниот изглед на новиот авион, познат под работното име „перспективен авијациски комплекс на авијацијата со долг долет“ (ПАК ДА). Ова за РИА „Новости“ изјави упатен извор од руската воена индустрија.

„Според заклучоците од низата испитувања на радарската видливост на макетите на авионот, како и резултатите од проверка на нивните аеродинамички својства, одобрен е конечниот технички изглед на леталото ПАК ДА. Експерименталната работа е во фаза на детално проектирање, се градат неколку прототипови на перспективниот бомбардер“, рече соговорникот на агенцијата.

При проектирањето на авионот конструкторите пред сé инсистираа на неговата намалена радарска видливост. Авионот ќе има облик на „летечко крило“, супсонична брзина и можност да помине долго време во воздухот. Целото вооружување ќе биде скриено во трупот, вклучувајќи ги и перспективните крстосувачки ракети со голем дострел и хиперсоничните ракети. Бомбардерот ќе биде максимално автоматизиран, што ќе му овозможи да функционира дури и во беспилотен режим. 

„Бомбардерот може да управува со групи беспилотни летала и да го примени целокупниот спектар ракети од класата „воздух-воздух“, додаде соговорникот. 

Главната тактика на примена на ПАК ДА ќе биде „тактиката на долга рака“, односно употреба на оружје со голем дострел.

Проектирањето на перспективниот авијациски комплекс со голем долет ПАК ДА започна во 2009 година. Министерството го довери проектот на компанијата „Туполев“. Планирано е новиот бомбардер да влезе во состав на вооружувањето до 2027 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња