Проектот „строго доверливо“: сè што се знае за рускиот бомбардер од новата генерација на едно место

Невидливиот стратегиски бомбардер ПАК Да (прототипска скица)

Невидливиот стратегиски бомбардер ПАК Да (прототипска скица)

Screenshot PowerRossiya/YouTube
Овој „летачки монструм“ ќе може да носи ракети со интерконтинентален дострел од класата воздух-земја кој ќе има оплата со стелтни карактеристики (радарска невидливост). Благодарение на напредното ракетно вооружување леталото воопшто нем,а да мора да го напушти воздушниот простор на Руската Федерација.

Кон крајот на месец мај во Русија се појави вест во која се наведува дека воздухопловниот сектор на руската воена индустрија започнал изградба на експериментален модел кој го носи името „Перспективен воздухопловен систем на авијацијата со голем дострел“ или скратени ПАК ДА. Едноставно кажано, новата генерација стратегиски бомбардери која се означува како ПАК ДА може да користи интерконтинентални ракети со воздушно базирање без да ја напушти територијата на Руската Федерација.

Повикувајќи се на извори од руските медиуми, во тек е изработка на пилотската кабина на леталото додека целокупниот експериментален модел на авионот ќе се состави до средината на 2021 година. Пандемијата предизвикана од коронавирусот нема влијание врз динамиката на реализацијата на овој проект.

Самиот проект на „перспективен воздухопловен систем на авијацијата со голем дострел“ – ПАК ДА, се реализира во режим на строга воена тајна, така што за понатамошниот опис ќе користиме информации кои дозирано ги дава неговиот производител, односно инженерите од компанијата Тупољев.

Отворени информации

Самото летало ќе биде изградено според шемата „летачко крило“ (без стандардниот опашест дел и трупот од кој се раздаваат крилата). Тој е креиран да постигне висока подзвучна брзина (околу 1.190 километри на час). Оваа брзина е во голема мера помала од брзината која, на пример, ја постигнува суперсоничниот стратегиски бомбардер Ту-160 „Бел лебед“, кој треба да ја замени новата генерација стратегиски бомбардери ПАК ДА.

Стратегиски бомбардер Ту-160

„Стратегиските бомбардери од претходната генерација Ту-160 се создадени со цел продор низ непријателскиот систем за противвоздушна побрана. Благодарение на својата надзвучна брзина и специфичната патека на летот која во добар дел се реализира во стратосферски услови, тие можат во голема мера да ја искломплицираат работата на непријателските ловци-пресретнувачо и на системите за противвоздушна одбрана, да извршат продор низ покриената зона, и да фрлат борбен товар на најважните земски цели. Кај новата генерација стратегиски бомбардери ПАК ДА, ваков ризик нема да биде потребен. Имено, тој ќе има способност за далекустрелен автоматски удар без да влегува во зоната на непријателската ПВО која е составена од ракетни системи и ловечко-пресретнувачки ескадрили. Значи, од воздушниот простор на Руската Федерација“, истакнува професорот Вадим Козјулин од Академијата за воени науки.

Во овој момент стратегиската компонента на руската авијација забрзано се опремува со новите типови крстосувачки ракети со голем дострел. Ова пред сè се однесува на проектилите Х-555 и Х-101 кои можат да погодат цели на оддалеченост поголема од 5 илјади километри. Со воведување на овие ракети повеќе не е потребно производството на бомбардери со екстремно голем дострел. Поголемиот дел од работите може да се изврши од рускиот воздушен простор кој е премрежен со моќна одбранбена противвоздушна и противракетна групација на руската армија која во овој случај ги покрива бомбардерите за време на нивната мисија.

Покрај тоа овие проектили се составени од корпус кој исто така има „стелтни“ карактеристики што дополнително го зголемува процентот на успешни удари.

Според професорот Козјулин новата генерација руски „невидливи“ стратегиски бомбардери ПАК ДА, ќе можат да понесат до 40 тони различни борбени средства. Тука освен стандардните проектили кои се опремени со термонуклеарни боеви глави место ќе најдат и различни типови конвенционални бомби и ракети, кои се опремени со разорни, кумулативни, касетни и останати видови боево полнење.

Според руските медиуми новиот авион ќе може да остане во воздух и до 30 часа (без дополнување гориво), и да оперира во температурен опсег од -60 до +50 степени Целзиусови. Проектираниот животен век на секој авион ПАК ДА нема да биде помал од 12 години, со тоа што комплетен пакет сервис може да го продолжи векот и на 21 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња