НОВО: Се појави потенцијален изглед на рускиот стратешки бомбардер од петта генерација ПАК ДА (ФОТО)

Телеграм-страница „Борбени Ефективи“

ПАК ДА е проектиран врз основа на аеродинамичката шема на „летечкото крило“ со максимална употреба на стелт-технологијата, што ќе му овозможи невидливост за непријателските радари. Станува збор за субсонично летало, со основна задача да го внесе авионот во простор од каде безбедно ќе се лансира крстосувачка ракета која ќе има елементи на вештачка интелигенција. Во зависност од тактичката ситуација, ракетата за време на летот самостојно ќе го одредува својот правец и обликот на маршрутата до целта. Исто така, овој авион ќе може и самостојно да се брани затоа што во своето вооружување ќе има цел арсенал тактички воздухопловни ракети од класата „воздух-воздух“, што ќе му овозможи ефикасна борба со непријателските ловци на средни и големи далечини.

На каналот „Борбени Ефективи“ (на платформата „Телеграм“) се појавија фотографии кои го прикажуваат потенцијалниот изглед на перспективниот стратешки бомбардер од петтата генерација ПАК ДА, кој ќе биде еден од идните столбови на руската нуклеарна тријада.

Кон средината на минатата година се појави информација дека рускиот военоиндустриски комплекс сериозно започнал со реализација на овој проект. Во тек е фазата на изработка на специјални видови материјали од кои ќе биде направено телото на леталото, додека руските конструктори започнаа со склопување на пилотската кабина на перспективниот бомбардер. Интензивно се работи и на тестирање на нов мотор кој ќе има исклучителни тактичко-технички карактеристики. Тој ќе може да издржи ударен бран на нуклеарна експлозија и да му овозможи на леталото да лета непрекинато 30 часа. Комплетниот проект се реализира во рамките на програмата „Перспективен воздухопловен комплекс со голем долет“. Се проценува дека комплетната програма за склопување на прототипот на леталото ќе биде готова до крајот на оваа година.

Претходно во декември 2019 година заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Кровиоручко соопшти дека нацрт-проектот на авионот е одобрен и дека е започната изградбата на деталите и главните делови за експерименталниот модел на ПАК ДА. Самостојно се реализираат и тестирањата на моторите што ќе го движат ова летало.

Стратешкиот бомбардер од следната генерација ПАК ДА на среднорочен план треба да ја замени постојната флота од бомбардери Ту-22М, Ту-95 и Ту-160. ПАК ДА  е проектиран врз основа на аеродинамична шема „летачко крило“ со максимална употреба на стелт-технологија, која ќе му овозможи да биде невидлив за непријателските радари. Станува збор за субсонично летало, со основна задача да го внесе авионот во простор од каде безбедно ќе се лансира ракета која ќе поседува елементи на вештачка интелигенција. Во зависност од тактичката ситуација, ракетата за време на летот самостојно ќе го одредува својот правец и формата на маршрутата до дестинацијата. Исто така, овој авион ќе може и самостојно да се штити бидејќи во вооружувањето ќе има цел арсенал тактички воздухопловни ракети од класата „воздух-воздух“, што ќе му овозможи му ефикасна борба со непријателските ловци на средни и долги далечини.

Во меѓувреме се дознаа и основните тактичко-технички карактеристики на перспективниот мотор за стратешкиот бомбардер од следната генерација ПАК ДА што го развива Обединетата корпорација за производство на авионски мотори ОАК. Целиот склоп на моторот ќе може да издржи ударен бран на нуклеарна експлозија. Моторот ќе биде функционален во температурен опсег од -50 до +60 степени Целзиусови и ќе обезбеди континуиран лет во траење од 30 часа. Неговиот употребен ресурс ќе биде ограничен на 12 години, со можност за продолжување на неговиот животен век (генерален ремонт и модернизација) на 21 година. Потисната сила на моторот ќе изнесува 23 тони.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња