На норвешките воени единици им советуваат да се угледаат на Русите

Дмитриј Часовитин/Global Look Press
Во Норвешка многумина ѝ советуваат на војската како превозно средство да користи кучиња и ирваси и да се угледа на руската армија.

За ова пишува ИноСМИ повикувајќи се на норвешкото издание NRK. Во статијата се потсетува дека СССР за време на Втората светска војна интензивно користел животни како превозно средство. Тогаш одгледувачите на ирваси од полуостровот Кола ѝ дале на војската 10000 од своите ирваси. Животните на фронтот довлекувале техника и евакуирале ранети, а извидниците со помош на нечујните ирваси оделе во непријателската позадина.

Арктичката бригада на Северната флота веќе четири године тренира возење во запреги од ирваси и кучиња. Како што истакнуваат експертите, овој метод е ефикасен кога се работи за помали единици.

Припадник на арктичката механизирана пешадиска бригада со запрежно куче.

Во Норвешка на маневрите во Јужно Тромсо во 1982 година беа користени кучиња и коњи. Коњичката единица на Северната норвешка бригада тренираше доставување муниција и друга опрема. Животните беа довезени од Источна Норвешка.

Меѓутоа, засега норвешката војска не планира да се натпреварува во тоа со Русите. Јони Карлсен, стручњак за врски со јавноста од Националното движење истакна дека Националното движење има одреди со кучиња, но ги користи за други цели. Засега Норвежаните немаат намера да користат кучиња или ирваси како средство за превоз, затоа што во моментов немаат ни потребни знаења ни ресурси. Карслен истовремено признава дека е сосем логично во арктички услови за превоз да се користат ирваси и кучиња.

Норвешките одгледувачи на кучиња се уверени дека нивната војска има што да научи од Русите. Дури се подготвени и да ѝ ги изнајмат на војската своите ирваси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња