Припадник на арктичката механизирана пешадиска бригада со запрежно куче
Лав Федосеев/TASSОваа учебна година во издвоената арктичка механизирана пешадиска бригада на Северната флота е воведен нов курс за практична обука. Извидниците учат да управуваат со кучешки санки.
Обуката се врши во селото Алакурти во Мурманската област. Одгледувачницата е веќе основана, се состои од десет кучиња од расата хаски и сите кучиња се подготвени за тимска работа со војниците.
Увежбан е препад, меѓу другото, во парови на скии. Инструкторите им објаснија на припадниците на арктичката механизирана пешадиска бригада како да се однесуваат со кучињата и да ги дресираат. Засега целта на обуката е запознавање со теоријата, а набрзо ќе почне и практичната обука.
Сибирскиот хаски е влечен пес. Оваа раса е добиена на Чукотка. Хаските не се чувари. Тие северни кучиња се многу мили, добродушни и радо контактираат со луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче