Како камилите и мачките ѝ помагале на Црвената армија во Втората светска војна

Кучињата се истренирани да се пикнат под непријателски тенк, да не се плашат од тешката артилерија и да му се прикрадуваат одзади на тенкот за да избегнат оган од митралез. А, како на Црвената армија ѝ помагаа камилите и мачките?

Последниот јуриш на коњицата

И покрај фактот што Втората светска војна беше војна на тенкови и што одамна имаа изминато деновите на славната коњица, коњите исто така имале важна улога во воените акции. Советската коњица ретко одела во офанзива, но била идеална кога непријателот бегал како без глава. Сепак, коњицата на Црвената армија најчесто се борела како пешадија.

Нападот на коњицата бил од голема корист во одбраната на Москва во 1941 година со оглед на тоа што коњицата била една четвртина од целата дивизија која била на располагање.

Коњите исто така тегнеле воена опрема онаму кадешто камионите пропаѓале во снег и во кал, а да не зборуваме за тоа дека биле речиси единствен извор на храна кога Црвената армија ќе се нашла во опсада.

Своја коњица имале и Германците, но тие сили многу брзо се истрошиле.

Најдобриот пријател на човекот

Кога во 1941 година Германците тргнале на Москва, советските единици биле во речиси безнадежна состојба зашто немале доволно ефикасно противтенковско оружје. Во очајнички обид да се одбрани татковината за уништување на непријателските сили биле користени добро обучени воени кучиња.

Во првите години од Втората светска војна советските „противтенковски“ кучиња им биле голема препрека на Германците во нивната офанзива. Војниците им ставале на кучињата експлозив и ги испраќале на непријателската оклопна техника. Денес овој факт може да изгледа загрижувачки за активистите за заштита на правата на животните, но треба да се има предвид колку морничава била перспективата по влегувањето на моќниот и зол непријател во Москва.

Кучињата многу ѝ помагале на Црвената армија и во деминирањето на терените, и во спасувањето ранети борци. По Црвениот плоштад на Парадата на победата во 1945 година минале и кучиња, а ранетиот Џулбарс, кучето кое има откриено околу 75.000 мини, го носеле на раце во шинелот на Сталин.

Од Сталинград до Берлин

На фронтот на Големата татковинска војна камилите за првпат се појавиле во Сталинградската битка. Советските трупи кои биле дислоцирани покрај Астрахањ немале доволно камиони и коњи за да ја донесат воената техника во Сталинград. Тогаш војниците тргнале во лов на диви камили. Животните не погрешиле.

Црвената армија имала околу 350 камили. Многу од нив загинале, а некои од нив биле оставени во зоолошките градини ширум Источна Европа. Некои стасале и до Берлин. Се раскажува дека камилата која ја викале Кузњечик (скакулче) ја довеле до скалите на Рајхстагот, а таа, секако, плукнала.

Дивизија што мјаука

Мачките не се бореле против непријателот и не биле дел од помошта на самиот фронт, но нивниот придонес не е за потценување.

За време на опсадата на Ленинград која траела 872 дена умреле над 650 илјади луѓе и тоа најмногу од глад. Во такви услови речиси и да не останале мачки во градот, па затоа во него се појавиле еден куп стаорци кои пренесувале заразни болести. Луѓето се бореле колку што можеле, но кога во 1943 година блокадата била конечно пробиена, во градот стасал вагон полн со мачки.

Дивизијата што мјаукала брзо го решила проблемот со стаорците. Споменикот на овие мачки и денес стои во Санкт Петербург.

Дознајте уште за Четири извонредни трика на Црвената армија во Втората светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња