Ирваси учествуваа во воени вежби на Арктикот

Припадниците на руската војска во Мурманската област увежбуваа вештини за управување со превозни средства на жителите на Крајниот Север на Русија.

Припадниците на арктичката бригада на Северната флота реализираа плански вежби во кои ги совладаа основните вештини за управување со превозни средства на народите на Крајниот Север, вклучувајќи запреги со кучиња и запреги со ирваси. Вежбите беа одржани на имотот за одгледување ирваси во реонот на населбата Ловозеро во Мурманската област, соопштува ТАСС.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, во текот на Втората светска војна ирвасите биле користени за евакуација на ранети, транспорт на воени товари и при испраќање на разузнавачи во непријателскиот тил, па дури и за префрлување на оштетени авиони и нивните екипажи.

За потребите на фронтот во Втората светска војна биле вклучени повеќе од 10 илјади ирваси, формирани се неколку транспортни бригади и баталјони со ирваси, во кои служеле одгледувачите на ирваси, припадници на народите од Крајниот Север, заедно со своите животни.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња