Руски мотоциклист прв на светот возеше „спидвеј“ мотор на бајкалскиот мраз

Во шоуто учествуваше и сибирски шаман.

Двојниот светски првак во „спидвеј“ трки на мраз Данил Иванов е првиот човек кој успеа да вози таков мотор на Бајкалот, најдлабокото езеро на светот во пролет, кога мразот повеќе не е толку цврст.

Опасноста поради промената на годишното време не го запре Данил да изведе различни трикови на мразот, а пред почетокот на возењето учествуваше во шамански ритуал: се верува дека во езерото живеат духови кои даваат сила.

„Отсекогаш сум сакал да ја напуштам патеката, да прејдам на големиот мраз, каде нема огради. Во историјата на рускиот мотоциклистички спорт сѐ уште никој не возел „спидвеј“ овде. Среќен сум што сум првиот во тоа!“, изјави Данил Иванов за официјалниот сајт на „Ред Бул“.

29-годишниот спортист учествува во мотоциклистички трки од 2002 година и во 2014  беше светски првак во таа дисциплина.

Видеото од возењето можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња