„Ужасна состојба“: „Национален Интерес“ ги спореди американските и руските мразокршачи

Нуклеарниот мразокршач „50 години Победа“ во Северниот Леден океан

Нуклеарниот мразокршач „50 години Победа“ во Северниот Леден океан

Вера Костамо/Sputnik
Американската флота мразокршачи е „во ужасна состојба и нејзината иднина не влева надеж дека нешто се ќе смени“.

Ова го напиша публицистот Брендон Волс во статија за американскиот весник „Национален Интерес“, нагласувајќи дека американската крајбрежна стража има два брода. Едниот е мразокршачот „Хили“, кој кон средината на август беше принуден да се врати од Арктикот поради пожар, а вториот е „Поларна ѕвезда“, последниот мразокршач во функција, воведен во експлоатација во текот на 1970-тите.

„Во споредба со руската флота која има 40 такви бродови, САД имаат далеку помали можности“, истакнува Волс.

Американскиот публицист смета дека САД нема да го реализираат планот за замена на застарените бродови и проширување на флотата мразокршачи, и тоа најмногу поради проблеми со финансирањето.

„Со планот е предвидено да се направат три тешки и три средни бродови, што тројно би ја зголемило сегашната американска флота, но и тоа е многу слабо во споредба со руската флота“, тврди тој.

Авторот зборува и за други проблеми поврзани со наведениот план. На пример, сите мразокршачи ќе имаат дизел-електричен погон, додека повеќето руски мразокршачи користат нуклеарен погон. Публицистот се прашува како е можно толку развиена економска сила како САД да поставува на своите бродови застарена опрема.

Волс изведува заклучок дека сегашната американска стратегија на Арктикот не е ниту далековида ниту амбициозна.

Статијата објавена во весникот „Национален Интерес“ ја коментираше воениот експерт Алексеј Леонков, изјавувајќи дека во опишаната ситуација со мразокршачите нема ништо необично. „За да дојде до пораст и ширење во тој правец е потребно движење по мраз. А за тоа е потребна флота мразокршачи. Американците таа задача не ја решија самите, туку работата им ја препуштија на Канаѓаните и Норвежаните со цел заедно со нив да го решат своето прашање на создавање флота мразокршачи“, коментира Леонков.  

Додека Америка го решаваше тоа прашање, истакнува рускиот стручњак, Русија плански градеше мразокршачи за Северниот морски пат, и тоа не само цивилни бродови, туку и мразокршачи со функција на патролни бродови, така што „Национален Интерес“ и во иднина за што да се жали, затоа што ќе се покаже дека Американците не само што немаат мразокршачи, туку немаат никакви бродови од слична класа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња