„Блумберг“ за „борбата за Арктикот“: „Беринговиот теснец е Персискиот залив на иднината“

Global Look Press
Новата стратегија на Пентагон е чекор напред во трката за освојување на Арктикот, но задоцнет и недоволен чекор - Вашингтон ја губи битката за регионот и не само од Русија, туку и од Кина, пишува агенцијата „Блумберг“.

Авторот на статијата Хал Брендс пишува дека Арктикот е регион кој е во состојба целосно да ја промени геоекономијата и геополитиката на целиот свет. Администрацијата на Доналд Трамп многу зборува за тој регион, но малку е направено, се вели во статијата.

„Русија од ден на ден е сѐ посилна  „Русија расте посилно во тој дел на планетата и воспоставува контрола над главните аркитчки морски патишта, а поактивна станува и Кина“, пишува Бренд.

Во Америка дури сега почнуваат да ја сфаќаат важноста на Арктикот, па дури и веројатноста за појава на можен конфликт, продолжува тој. Беринговиот теснец, според мислењето на авторот на агенцијата „Блумберг“, е Персиски залив на иднината. „Пентагон ќе има повеќе маневри во тој регион, американската морнаричка пешадија подготвува две арктички експедиции, а ќе биде засилена и соработката со сојузниците во обезбедувањето на клучните поморски патишта меѓу Гренланд, Исланд и Велика Британија“.

Но, проблеми за САД и понатаму има премногу, пишува авторот на статијата, мислејќи на амбисот што постои помеѓу целите и ресурсите.

Русија има 14 мразокршачи и шест нови бази на Арктикот. Можностите на Кина се помали, но сепак во пораст. Додека можностите на САД, пишува Бренд, се едноставно никакви - земјата има само еден тежок мразокршач.

Американскиот вицеадмирал Даниел Абел неодамна изјави дека Америка може да се натпреварува со Русија за Арктикот само ако во скоро време добие шест нови мразокршачи.

Прочитајте повеќе: Морски чудовишта: Советските нуклеарни мразокршачи – до Северниот пол и назад

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња