Американски адмирал: Имаме еден мразокршач против 46 руски!

Рускиот „50 години од Победата“, најголемиот на светот нуклеарен мразокршач

Рускиот „50 години од Победата“, најголемиот на светот нуклеарен мразокршач

Росатомфлот
Командантот на Крајбрежната стража на САД адмирал адмирал Пол Зукунфт бараше од Конгресот на САД нов мразокршач, а уште подобро шест, за барем некако да се изедначи со руските сили на Арктикот.

Поларните мориња се во зоната на одговорност на Крајбрежната стража на САД и адмиралот го загрижува невозможноста да плови по тие мориња.

„Мораме да набавиме повеќе мразокршачи. Сега имаме само еден, а Русија најмалку 46. Своја поларна воена морнарица создава и Кина“, рече Зукунфт на советувањето на комисијата за внатрешна безбедност на Конгресот на САД.

Единствениот мразокршач „Поларна ѕвезда“ е стар, има 42 години и за пет години ќе биде повлечен од употреба. 

Шефот на Крајбрежната стража на САД се надева дека ќе добие од Конгресот оваа фискална година една милијарда долари за изградба на тежок мразокршач и дека до 2026 година американската морнарица ќе има уште пет бродови од поларна класа. Ситуацијата ја усложнува тоа што американските бродоградилишта за изградба на мразокршачи се затворени, а Крајбрежната стража според законот не смее да купува или изнајмува туѓи бродови.

„Арктикот со 13% од светските резерви на нафта и третина од сите резерви на гас може да се претвори во уште едно Јужно кинеско море. Кина таму гради вештачки острови за да ги контролира морските патишта. Така и Русија благодарение на мразокршачите доминира на Арктикот“, пишува американското воено издание Task&Purpose.

Прочитајте повеќе за руските уникатни нуклеарни мразокршачи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња