Москва минатата година најчесто ја посетувале германски туристи, а најголем раст кај туристичките посети има од Кина и другите земји на БРИКС, изјави во средата претседателот на Одборот за туризам и хотелиерство на Москва.
Според неговите зборови, се зголемува бројот на туристи од Индија и Бразил, кој со Русија воспостави безвизен режим (забележано е зголемување од 19% после воведувањето на безвизниот режим).
На крајот на 2012 година Москва ја посетиле 5,2 милиона странски туристи, додека во 2011 година ја посетиле 4,5 милиони. Оваа година градот планира да прими 5,4 милиони гости од странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче