10+ стари словенски имиња кои Русите и понатаму им ги даваат на своите деца

Russia Beyond (Photo: Public domain; Sputnik)
Повеќето руски имиња денес се од грчко потекло или пак се толкувани или трансформирани од грчки имиња. Но, кои се автентичните словенски имиња што луѓето во Русија ги носеле и сé уште ги носат? Во продолжение следуваат најчестите.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Паганските словенски имиња почнале да исчезнуваат откако Русија го примила христијанството кон крајот на Х век и покрстените почнале да прифаќаат нови имиња од византиската црковна традиција. Многу популарните машки имиња како Николај, Александар или женските Екатерина и Елена - сите дошле во Русија со преводите на христијанските книги на грчки и од латинскиот. Дури и многу популарното име Иван, кое се смета за многу руско, има хебрејско потекло (како и Михаил). Меѓутоа, некои традиционални словенски имиња преживеале и сé уште се користат. 

1. Владимир

Бидејќи кнезот Владимир Велики бил тој што го донел христијанството во Стара Русија, неговото име останало во традицијата и станало црковно. Со векови името Владимир го носеле само војводите и кнезовите, а потоа се проширило по целиот народ. Во ХХ век името Владимир стана едно од најпопуларните руски имиња.

2. Борис

Борис Елцин

Потеклото на ова машко име не е сто посто јасно. Некои истражувачи го припишуваат неговото појавување во Русија на владетелот Борис од IX век, кој ја покрстил Бугарија. Други мислат дека името би можело да потекнува од Монголија или дека е пократка верзија на прасловенското Борислав. Меѓутоа, Борис е името на еден од првите руски светци, кнезот Борис, синот на Владимир кој ја покрсти Русија.

3. Глеб

Владимир Висоцки како Глеб Жиглов во култната советска серија „Местото на средба не може да се промени“

Машкото име е изведено од скандинавското Guðleifr („божји наследник“). Али, бидејќи кнезот Глеб, крстен заедно со својот брат Борис, е меѓу првите руски светци, името влегло во руската црковна традиција.  

4. Слава

Вјачеслав Молотов

Ова име може да се однесува на десет различни имиња! Јарослав, Свјатослав, Ростислав, Вјачеслав, Мстислав, Станислав се меѓу бројните имиња што го содржат коренот на именката „слава“. А Слава е кратка форма за сите нив. Свјатослав би значело „пофалба на светецот“, Јарослав значи „светла слава“, Вјачеслав значи „голема слава“ и така натаму. Таквите имиња биле неверојатно вообичаени меѓу средновековните руски кнезови, но и денес се доста популарни. Сите овие имиња имаат и женски форми: Јарослава, Вјачеслава, Мирослава итн.

5. Јуриј

Јуриј Гагарин

Изненадувачки, ова машко руско име е во сродство со Георгиј, кое, исто како и англиското Џорџ, доаѓа од грчкото име Георгиос. Советскиот филм „Москва не им верува на солзите“ (1980) награден со „Оскар“ има смешна епизода во која се споменува ова име. Еден лик вели: „Георгиј, т.е. Гога, т.е. Гоша, т.е. Јуриј, т.е. Гора, т.е. Гора, т.е. Жора...“ Словените името Георгиј (кое постои и во рускиот јазик) го прилагодиле на Јуриј, бидејќи едноставно не можеле правилно да го изговорат „Г“ на почетокот. Како што минувало времето, ова име добивало нови верзии, а една од нив е Егор.

6. Всеволод

Всеволод Мејерхолд (зад левото рамо ѕирка Всеволод Пуља)

Ова машко име се состои од два дела: „все“ што значи „сè“ и „волод“, што е архаична форма на глаголот „владеть“ („поседува“). Имало многу староруски кнезови кои го носеле ова име, а најпознат негов претставник е великиот кнез Всеволод Големото гнездо од XI-XII век, кој владеел со Владимиро-Суздалско Велико Кнежевство. Во модерната историја, еден од чуварите на ова име е главниот уредник на „Russia Beyond“ Всеволод Пуља!

7. Олег и Олга

Ова старо словенско име е изведено од скандинавските имиња Хелга (за жена Олга) и Хелги (за маж Олег). Првиот Олег во руската историја бил Олег Вештиот (пророк, видар), новгородски и киевски кнез. А прва Олга била владетелката на Киевска Русија, првата христијанка меѓу руските владетели, а потоа и светица.

8. Светлана

Светлана Ходченкова

Историчарите не се согласуваат околу потеклото на ова женско име. Најверојатно, ова име на почетокот на XIX век го измислил поетот по име Александар Востоков, по кого станало нашироко познато кога поетот Василиј Жуковски ја напишал својата балада наречена „Светлана“ (1813). „Свет“ се преведува како светлина. Во XIX век, ова име често се користело како име на бродови, но во XX век станало популарно женско име. На пример, ќерката на Сталин се викаше Светлана. А во 1943 година Руската православна црква дозволи ова име да се дава при крштевање.

9. Људмила 

Људмила Улицкаја

Ова женско руско име се состои од два дела: „Људ“ („луѓе“) и „мила“, така што ова буквално се преведува како „добра кон луѓето“. Името е од словенско потекло (постоела и чешка светица Људмила Чешка, која ја почитуваат и Руската православна црква и римокатолиците). Ова име стана познато на руски за прв пат откако поетот Василиј Жуковски повторно го употреби, овојпат во неговата балада „Људмила“, која е слободен превод на германската песна на Готфрид Аугуст Биргер „Леноре“. Уште едно познато книжевно дело е поемата на Александар Пушкин „Руслан и Људмила“. Ова име стана неверојатно популарно во ХХ век во Советскиот Сојуз и може да се скрати и како Људа и Мила.

10. Вера, Надежда, Љубов

Овие три женски руски имиња имаат исто потекло - тоа се руски преводи на имињата на ранохристијанските мачени светци - Вера, Надежда и Милосрдие (на руски преведено како „Любовь“). Обично се слават и почитуваат заедно со нивната мајка Софија („Мудрост“), но името Софија влезе во рускиот јазик како што е.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња