Морски чудовишта: Советските нуклеарни мразокршачи – до Северниот пол и назад

СССР беше единствената земја која правеше мразокршачи на нуклеарен погон зашто требаше да се обезбеди пристап кон територијата долж Северниот морски пат. Тоа се вистински морски чудовишта.

„Ленин“

Ова беше првиот нуклеарн брод на планетата. Направен е во 1957 година, а заплива во водите две години подоцна. Тоа воедно беше и првиот брод кој пловеше на север по Северната земја (1971). СССР мошне се гордееше со овој брод. Кога „Ленин“ беше направен и тестиран дојдоа да го видат многу високи странски официјални лица, вклучувајќи ги премиерот на Велика Британија Харолд Макмилан и потпретседателот на САД Ричард Никсон. Овој мразокршач 30 години го пробиваше мразот долж северниот брег на Русија за многу други бродови да можат тука да пловат. Излезе дека нуклеарниот погон на овој брод е мошне поефикасен. На крајот „Ленин“ беше претворен во музеј, така што сега може да се качите на неговата палуба и да ја почувствувате атмосферата на пловидбата на овој прочуен брод.

„Арктик“

„Арктик“ е наследник на „Ленин“. Тоа е првиот брод кој има стасано до Северниот пол (1977). Исто така тој е првиот кој поминал во морето повеќе од една година без да намине во ниту едно пристаниште (2000). За време на неговата експлоатација (1975-2008) „Арктик“ има поминато над милион милји, што е пет пат повеќе од растојанието од Земјата до Месечината. Кршеше мраз дебел 5 метри. Неколку години се нарекуваше поинаку. Имено, по смртта на лидерот на СССР Леонид Брежнев (1982) на бродот му било дадено името на советскиот водач, а во 1986 година да му биде вратено името „Арктик“.

„Сибир“

„Арктик“ беше толку успешен што потоа беше направена цела класа бродови врз основа на овој мразокршач. Прв во низата беше „Сибир“. Тој беше пуштен во вода во 1977, а 10 години подоцна доплови до северниот пол и така стана втор брод во историјата кој го постигнал тоа. Како и мразокршачот „Арктик“, ова е прв брод на кој е организирана пловидба на странски туристи до Северниот пол (1993).

„Русија“

Сега секја година се организираат најмногу пет туристички патувања на Северниот пол кои траат околу две недели и чинат околу 25.000 американски долари.

„Советски Сојуз“

Овој нуклеарен брод е пуштен во експлоатација во 1990 година, но државата според која го доби името се распадна по една година, така што подоцна бродот беше користен во современа Русија. Мразокршачот е конструиран така што лесно може да се преуреди во воен брод, но за такво нешто немаше потреба. Секако, во последно време се зборуваше дека тој може да биде претворен во команден брод на руските арктички единици, но тоа не се случи. Мразокршачот во деведесеттите години од минатиот век служеше за туристички пловидби до Северниот пол. Подоцна учествуваше во истражувачка експедиција која се занимава со проучување на глобалното затоплување на Арктикот.

„Јамал“

„јамал“ беше планиран уште во 1986 година, но неговата експлоатација започна во 1993 година. Најпрво се викаше „Октомвриска револуција“, но потоа, по распадот на СССР, го доби името по полуостровот на далечниот север на Русија. „Јамал“ е наменет за разбивање мраз со дебелина од 1.5 до 2.9 метри. Може да се движи и наназад. Неговиот депласман изнесува 23.000 тони, а развива брзина од неполни 40 километри на час. Овој брод во 2009 година учествуваше во акцијата за спасување на група геолози од Северните земји. На носот е нацртана вилица на ајкула.

„50 години Победа“

До неодамна бродот „50 години Победа“ (прослава на победата над нацистичка Германија во Големата татковинска војна) беше најголемиот нуклеарен мразокршач на планетава. Сега во Русија се прават уште два поголеми арктички брода. Изградбата на мразокршачот „50 години Победа“ започна во 1989 година, но недостасуваа финансии за бродот да биде пуштен во експлоатација, па затоа тоа беше сторено во 2007 година. Трупот има необичен облик на лажица. Наспроти Зимските олимписки игри 2014 година во Сочи овој брод во ноември 2013 година го однесе олимпискиот пламен на Северниот пол.

Фотогалерија: Руски мегафабрики: Уникатни нуклеарни мразокршачи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња