Руската воена индустрија развива „паметни“ гранати за најмоќното артилериско орудие на светот

MOD Russia/Global Look Press
Руската државна корпорација „Ростех“ најави воведување нова муниција со калибар 203 мм за тешкиот модернизиран самооден топ 2С7М „Малка“ кој неодамна беше воведен во вооружувањето на руската армија. Се проценува дека овој проектил ќе биде во состојба на растојание од преку 70 км да погоди копнена цел на условниот непријател со екстремно мало отстапување.

Модернизираниот самооден топ 2С7М „Малка“ во својата класа преставува едно од најсилните орудија на светот. Ова средство во поблискиот период ќе добие артилериска муниција од нова генерација, вклучувајќи и таква која се наведува врз целта, изјави во интервју за рускиот веб-портал РИА „Новости“ директорот на производство на комплекси вооружување во рамките на државната корпорација „Ростех“ Бехан Аздоев.

Првото модернизирано орудие 2С7М „Малка“ му беше испорачано на руското Министерство за одбрана во септември минатата година. Целата работа за комплетирање на неговата модернизација му беше поверена на претпријатието „Уралтрансмаш“ кое е специјализирано за производство на тешка борбена техника, како и на шински возила за потребите на цивилниот сообраќај.

„Ние развивме проекти кои претставуваат длабока модернизација на орудието во пакет со новата генерација артилериска муниција, вклучувајќи и наведувани проектили. Нашите предлози му ги доставивме на нарачателот на работата“, рече Аздоев.

2С7М „Малка“ (или во литературата „Пион-М“) претставува модернизирана верзија на орудието 2С7 „Пион“, направено уште во 80-те години на минатиот век, и сè уште се смета за едно од најмоќните артилериски орудија на светот. Самоодниот топ е дизајниран за удари по непријателски цели и негови утврдувања кои се наоѓаат во длабочината на фронтот.

Со таа цел, артилериското орудие 2С7М „Малка“ фрагментарно-разорни гранати и активно-реактивен тип на муниција. Меѓутоа, главната предност на ова орудие е можноста за употреба на специјални типови на пробојно-деструктивна и хемиска муниција, како и гранати со тактички нуклеарни боеви глави. Со активно-реактивниот тип муниција 3ВОФ35 со тежина од 102,2 кг, ефикасниот дострел на самоодниот топ 2С7М „Малка“ е до 50 км. Во тек е развој на нова генерација на муниција која ќе овозможи дејство на далечини над 70 км.

На самоодниот топ „Малка“ калибар 203 мм му се заменети трансмисијата, механизмот за дистрибуција на силата и напонските агрегати. Покрај тоа, во целост е заменета опремата што се наоѓа на орудието. Инженерите на компанијата „Уралтрансмаш“ интегрираа современа опрема за комуникација меѓу екипажот, опрема за прием и обработка на податоци, радиостаница, задолжителен комплекс системи за противнуклеарна заштита и комплекс за надзор. Целата опрема е од руско потекло и во текот на модернизацијата не се употребувани странски компоненти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња