Русите успешно го модернизираа самоодниот „нуклеарен“ топ со калибар 203 мм

Виталиј В. Кузмин
Руската воена индустрија е подготвена да се впушти во сериска модернизација на тешките самоодни артилериски орудија 2С7М „Малка“ кои можат да изведат плотунски удар со употреба на тактички нуклеарни гранати и на тој начин да ја „здробат“ и најгусто поставената одбрана на непријателот.

На самоодниот топ „Малка“ калибар 203 мм се заменети трансмисијата, механизмот за дистрибуција на силата и напонските агрегати. Покрај тоа, во целост е заменета опремата што се наоѓа на орудието. Инженерите на компанијата „Уралтрансмаш“ интегрираа современа опрема за комуникација меѓу екипажот, опрема за прием и обработка на податоци, радиостаница, задолжителен комплекс системи за противнуклеарна заштита и комплекс за надзор. Целата опрема е од руско потекло и во текот на модернизацијата не се употребувани странски компоненти.

„Модернизацијата ја подобри подвижноста на орудието, неговите маневарски способности и проодноста, како и генералната употребливост кои ги опфаќаат сите основни карактеристики на самоодниот топ“, се наведува во соопштението што го пренесува веб-порталот РГ.

По завршувањето на модернизацијата на самоодното артилериско орудие 2С7М „Малка“ е завршен комплетниот циклус тестирања во кои специјалистите ги проверуваа генералните карактеристики на проодноста и сигурноста на одниот дел на орудието. Исто така, под будното око на специјалистите беше и моторот кој ја движи модернизираната „Малка“, нејзината трансмисија, механизмот за полнење, но и отпорноста на топот и квалитетот на системот за управување со стрелба.

Првиот сериски модел на новото орудие е подготвен за испорачување на артилериските единици на руската армија, додека фабриката „Уралнтрансмаш“ е подготвена за сериска модернизација на самоодниот топ на стандардот 2С7М „Малка“.

2С7М „Малка“ (или во литературата „Пион-М“) претставува модернизирана верзија на орудието 2С7 „Пион“, направено уште во 80-те години на минатиот век, и сè уште се смета за едно од најмоќните артилериски орудија на светот. Самоодниот топ е дизајниран за удари по непријателски цели и негови утврдувања кои се наоѓаат во длабочината на фронтот.

За таа цел, артилериското орудие 2С7М „Малка“ фрагментарно-разорни гранати и активно-реактивен тип на муниција. Меѓутоа, главната предност на ова орудие е можноста за употреба на специјални типови на пробојно-деструктивна и хемиска муниција, како и гранати со тактички нуклеарни боеви глави. Со активно-реактивниот тип муниција 3ВОФ35 со тежина од 102,2 кг, ефикасниот дострел на самоодниот топ 2С7М „Малка“ е до 50 км. Во тек е развој на нова генерација на муниција која ќе овозможи дејство на далечини над 70 км.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња