Американски медиуми ја коментираа модернизацијата на руската „нуклеарна“ хаубица 2С7М „Малка“

Григориј Сисоев /Sputnik
Станува збор за артилериско средство кое сигурно претставува најмоќна самоодна хаубица на светот. Една граната е доволна да разори цела една зграда која се користи како главен објект во непријателската одбрана. Нејзината основна намена е изведување на уништувачки удари по најважните цели и објекти на непријателот кои се наоѓаат во тактичката длабочини на фронтот. Во исто време ова оружје може да користи и проектили со тактичка нуклеарна боева глава.

Во април оваа година информативната служба на корпорацијата „Ростех“ објави информација дека на единиците на руската армија им се испорачани првите модели од модернизираното самоодно артилериско оружје со калибар од 203 милиметри кое ја носи ознаката 2С7М „Малка“. Овој стандард претставува последна модернизација на оружјето врз база на советската тешка самоодна хаубица 2С7 „Пион“ која е развиена уште во средината на осумдесеттите години од минатиот век. Нејзината основна намена е изведување разорни удари по најважните цели и објекти на непријателот кои се наоѓаат во длабочината на фронтот, пренесува Интернет-порталот inosmi.ru.

„АД 'Уралтрансмаш' му го испорача на руското Министерство за одбрана првиот контингент кој е составен од модернизирани самоодни артилериски оружја 2С7М 'Малка'“, велат од информативната служба на државната корпорација „Ростех“, а пренесува националната медиумска куќа ТАСС. Модернизираната техника доби нов оден дел и електронски блок опрема, што во тактичко-техничка смисла значително ја зголеми борбената можност на ова оружје.

Станува збор за артилериско средство кое сигурно претставува најмоќна самоодна хаубица на светот. Една граната е доволна да разори цела една зграда која се користи како главен објект во непријателската одбрана. Самото оружје е дизајнирано без карактеристичната купола, зашто основниот блок на главното оружје се наоѓа на задниот дел од гасеничната платформа. Во борбениот комплет, кој исто така се наоѓа во состав на целата платформа, има гранати со различна разорна сила¹ (вклучувајќи и проектили со тактички нуклеарни боеви глави² - заб. прв.)

„Ростех“ е државен холдинг чие седиште се наоѓа во главниот град на РФ, Москва. Информативната служба на „Ростех“ на 7 април годинава објави официјална информација дека е завршена работата на првиот модернизиран модел на ова самоодно артилериско оружје. Специјалистите успеаја да ја заменат трансмисијата, механизмот за дистрибуција на силата, како и напонските агрегати. Покрај тоа, во целост е заменета опремата која се наоѓа на оружјето. Инженерите на компанијата „Уралтрансмаш“ имаат интегрирано современа опрема за комуникација на екипажот, потоа опрема за прием и за обработка на податоците, радиостаница, задолжителен комплекс системи за противнуклерна заштита, и комплекс за надзор. Сета оваа опрема е од руско потекло, и во текот на модернизацијата не се употребувани странски компоненти.

АД „Уралтрансмаш“ кој е дел од пошироката групација „Уралвагозавод“ заедно влегува во состав на државната корпорација „Ростех“. Оваа компанија е насочена на развој и производство на високи технологии, а нејзините инженери го имаат развиено проектот за модернизација на тешките самоодни артилериски оружја „Малка“.

По завршувањето на модернизација оружјето го мина целокупниот циклус тестирања, каде покрај подвижноста проверена е и огнената моќ на новото модернизирано средство. Специјалистите посебно го испитаа степенот на нејзината мобилност и цврстината на шасијата (одечкиот дел), погонскиот агрегат и сигурноста на трансмисијата. Покрај тоа, во целост е проверена и сигурноста на системот за полнење на главното оружје, системот за управување со огнот и отпорноста на топот 2А44 кој претставува основно вооружување на системот.

„Тоа е една од најмоќните самоодни хаубици на светот која е наменета за уништување важни цели и објекти во тактичката длабочина на непријателскиот фронт“, изјави генералниот директор на развојната компанија АД „Уралтрансмаш“ Дмитриј Семизаров. Во овој момент започна испораката на модернизирано оружје на единиците на руската армија. Пред компанијата „Уралтрансмаш“ стои сериозна задача за создавање услови за сериска модернизација на овие оружја, со цел исполнување на квотите што се пропишани за периодот 2020-2022 година. Оваа изјава на директорот на „Уралтрансмаш“ ги пренесе медиумската куќа ТАСС.

Борбена употреба

Иако „Малка“ ја нарекуваат едно од најмоќните самоодни артилериски средства на светот, таа сè уште нема минато сериозна воена проверка во некој од бројните конфликти кои се водени во последниве триесетина години. Базичното оружје 2С7 „Пион“ никогаш не било употребувано во текот на воените интервенции во кои има учествувано советската армија. Ова оружје беше исклучиво оперативно во единиците на советската армија. Негова најголема концентрација имаше на просторот на Источна Германија која беше практично на првата линија на фронтот со НАТО (студена војна). По завршувањето на Студената војна, далекустрелните артилериски системи „Пион и „Малка“, по потпишувањето на Договорот за конвенционални воени сили на тлото на Европа, се префрлени на територијата на Русија.

Единствен случај на примена на самоодните артилериски системи 2С7 е регистриран во Јужна Осетија. Имено, во конфликтот кој изби во 2008 година, грузиската армија во својата офанзива употреби батерија вакви средства во која имаше шест оружја. Но, во операцијата во која набргу се вмеша руската армија овие оружја се уништени, додека една хаубица како трофеј беше запленета од припадниците на руските специјални единици. Исто така постојат податоци дека и украинската армија на истокот од земјата има употребувано самоодни оружја 2С7, но тие не се потврдени.

¹ За таа зел артилериското оружје 2С7М „Малка“ користи шрапнелно-разорни гранати и активно-реактивен тип муниција. Но, главната предност на ова оружје е можноста за употреба на специјални типови пробојно-разурнувачка и хемиска муниција, како и гранати со тактичка нуклеарна боева глава. Со активно-реактивен тип муниција 3ВОФ35 со тежина од 102.2 килограми, ефективниот дострел на самоодниот топ 2С7М „Малка“ е до 50 километри. Во тек е развој на нова генерација муниција која ќе овозможи дејство на оддалеченост поголема од 70 километри.

² Треба да се истакне дека овие оружја се во состојба да испукуваат гранати опремени со тактички нуклеарни боеви глави „Клешевина“, „Саженец“ и „Перфоратор“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња