Краснојарскиот воздухопловен полк доби пет модернизирани ловци МиГ-31БМ

Виталиј Ањков/Sputnik
Благодарение на интеграцијата на современиот напаѓачко-навигациски систем и вооружувањето од нова генерација, ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ во однос на претходната верзија на МиГ-31 е зголемена за речиси три пати.

Воздухопловниот полк распореден во Краснојарскиот регион доби пет суперсонични ловци-пресретнувачи МиГ-31БМ по завршувањето на сложената техничка операција за нивен ремонт и модернизација, пренесува информативната служба на Централниот воен округ (ЦВО).

При фабричкиот ремонт на леталото и подоцна интеграцијата на новиот пакет опрема во целост се обновени авиониката и радиоелектронските системи на авионот, подобрени се тактичките карактеристики на леталото, што значително ги зголеми неговите борбени перформанси.

Авионите веќе извршија прелетување до матичниот аеродром и во близок временски период се очекува нивно воведување во режим на боево дежурство, со цел заштита на воздушниот простор што се наоѓа во зоната на одговорност на краснојарскиот воздухопловен полк.  

Модернизираниот ловац-пресретнувач МиГ-31БМ (Foxhound според кодификацијата на НАТО) е наменет за пресретнување воздушни цели на големи дистанци кои според борбениот радиус се недостапни за класичните ловци. Борбените апарати од овој тип се способни да решаваат задачи во услови кои ги диктираат современите облици на управување со борбените дејствија, како што е мрежноцентричниот облик на комуникација со практично сите учесници во борбата. Благодарение на интеграцијата на современиот напаѓачко-навигациски систем и вооружувањето од нова генерација, ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ во однос на претходната верзија на МиГ-31 е зголемена за речиси три пати.

Подобрената погонска група, која се состои од двопроточни турбомлазни мотори Д-30Ф6, овозможува авионот од скоро 46 тони да се доведе до границите на хиперсонична брзина (максималната брзина на Миг-31 изнесува 3000 км/час). Плафонот на летот е 20600 метри. Оперативниот опсег на авионот вооружен со четири ракети Р-37/Р-33 со два поткрилни резервоари со гориво изнесува 3000км. Авионот има способност да дополнува гориво во воздух (воздушен танкер).

МиГ-31БМ е опремен со радарска станица која има високочувствителна фазна антенска решетка (ФАР). „Заслон-М“ која може да дофрли на оддалеченост и до 320 километри. Тоа се речиси 120 километри повеќе во однос на основната верзија на овој радар. Исто така, овој радар сега може да открие цел со големина на ловец на оддалеченост од 150, 200 и повеќе километри. Новиот офанзивно-навигациски систем овозможува истовремено следење на 24 цели, од кои компјутерот или операторот ги избира најопасните и го насочува огнот кон нив. Еден МиГ-31БМ сега може наместо четири да гаѓа и до осум различни цели. За овој авион е развиена и ракетата со голем дострел Р-37 која има оперативен дострел од дури 300+ километри. Оваа ракета нема апсолутно  никаква конкуренција во светот (американската ракета воздух-воздух со најголем дострел AIM-47 „Falcon“ има максимален дострел од 210 километри). Со вакво вооружување МиГ-31БМ може да пресретнува балистички и крстосувачки ракети, а исто така и да уништува непријателски сателити кои оперираат во блиската Земјина орбита (проект на противсателитска ракета со кинетичка боева глава 79М6 „Контакт“). Борбена патрола составена од четири авиони МиГ-31БМ може да покрие простор од околу 380 илјади метри квадратни (Република Македонија има површина од 25713 километри). Покрај ракетата Р-37 тука се и нешто постарите ракети Р-33 со дострел од 160 километри на час, како и ракетите Р-73 со мал дострел кои се особено ефикасни во услови на догфајт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња