Русите го спуштија првиот танкер на гасен погон! Путин: „Тоа е вистинска победа!“ (ВИДЕО)

За танкерот од класата „Афрамакс“ велат дека е зелен, затоа што нанесува минимална штета на животната средина. Првиот ваков танкер на гасен погон е спуштен во вода во бродоградилиштето „Ѕвезда“, а ќе ги има вкупно 12 на број.

За спуштањето во вода на претседателот на Русија Владимир Путин му соопшти првиот човек на компанијата „Роснефт“ Игор Сечин. 

Сечин истакна дека малку луѓе верувале во овој проект. Името на првиот од планираните 12 танкери на гасен погон е „Владимир Мономах“.

Путин му го честиташе на Сечин спуштањето на танкерот во вода и рече дека тоа е вистинска победа.

Должината на „Владимир Мономах“ е 250 метри, а ширината 44 метри. Може да превезува 114 илјади тони нафта и да развие брзина од 14,6 јазли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња