Актуелно: Пилотите на палубниот ловец МиГ-29К/КУБ наскоро добиваат систем за проширена реалност

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Корпорацијата „МиГ“ работи на развој на систем за проширена реалност кој ќе биде интегриран со шлемот на пилотот. Со него ќе бидат опремени палубните верзии на МиГ-29К кои имаат способност за полетување од носачи на авиони. Системот има задача во сложени временски услови и услови на борба да им ја пружа на пилотите неопходната асистенција/помош заради поедноставно полетување и слетување на „пловечките аеродроми“, но и за изведување сложени маневри. Пошироко за ова во продолжението на текстот.

Пилотите кои управуваат со специјалните палубни верзии МиГ-29К ќе добијат нови пилотски шлемови опремени со систем на дополнителна реалност. Новиот систем ќе биде во состојба да прикажува информации од летечка и тактичка природа (како и траекторијата на летот) на визирот на пилотскиот шлем. Ова го соопшти рускиот медиум „Известија“, пренесува веб-порталот anna-news.

„Пилотот ќе има специјален специјален монокулар кој е интегриран на шлемот, а преку кој ќе се исчитуваат информации за висината, брзината и правецот на летото, како и за моменталното оптоварување. Пилотот ќе биде во состојба во исто време да ја гледа реалната слика, но и виртуелната слика што ја прави компјутерот специјално проектиран за нејзина изработка. Во критичните ситуации кои настануваат во текот на воздушна битка или при вонредно слетување, вниманието на пилотот повеќе нема да го одвлекуваат бројните инструменти во кабината на авионот или индикаторите на ветробранското стакло на леталото“, се наведува во публикацијата.  

Како што се наведува во текстот, новиот систем исто така во реално време „ќе предупредува за потенцијална опасност од судар со земјата. Во текот на битката ќе се исчитуваат најважните информации за „зафатената“ цел, ќе се врши автоматски избор на оптимално вооружување за нејзино уништување, како и ќе се известува пилотот за вкупниот број убојни средства со кои леталото располага во моментот. При слетувањето и движењето на мала висина системот ќе изработи адекватна визуелна проекција на „виртуелен коридор“ или „капија“ која значително ќе го олеснува слетувањето, но и ќе ја зголемува безбедноста и при изведувањето опасни маневри“.

Неодамна корпорацијата „МиГ“ соопшти дека моментално работи и над проекти за развој на комплекс за автоматско управување со авион, како и над систем за автоматска контрола на преоптоварувањето што се јавува при нагли промени на брзината и траекторијата на летот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња