Џелат со долга рака: Во Идлиб забележана батерија хаубици МСТА-Б (ФОТО)

Самоодна хаубица „Акација“

Самоодна хаубица „Акација“

Игор Зарембо/Sputnik

При последната офанзива на сириската војска во Сирија се остварени крупни резултати. Во овие операции на сириската армија посебна улога имаа и артилериските единици, конкретно влечните хаубици МСТА-Б од руско производство, пишува Mars.online.

Сиријците со ова орудие остварија видливи резултати, затоа што покрај класичните гранати МСТА-Б може да истрелува и високопрецизна муниција „Краснопољ“. На интернет-ресурсите се појави и голем број видеоснимки на кои се гледа прецизно погодување на одделни непријателски цели кои се наоѓаат на далечини над 20 км. Примената на оваа муниција е наменета буквално против сите цели кои можат да се појават на фронтот. Обично се тоа стационарни објекти (складишта со муниција, командни места, упоришни точки), но и различити типови борбена техника, од тенкови па сé до повеќецевни ракетни лансери.  

Првите информации за можна примена на проектили „Краснопољ“ (хаубиците МСТА-Б) се појавија во Сирија кон средината на 2016 година. Експанзијата на овој проектил следеше во 2017 година во текот на операцијата за деблокада на Деир ез Зор. Притоа беа снимени и голем број кадри на кои се гледа „снајперското“ дејство на оваа муниција.

„Краснопољ“ се наведува на целта со помош на ласерски сноп кој е дел од автоматизираниот ситем за управување со огнот „Малахит“. Овој маркер првенствено го користат специјалните единици, но во последно време истата опрема се монтира и на извидувачки беспилотни летала. Благодарение на оваа технологија се постигнуваат импресивни резултати кога е во прашање прецизноста на артилериската стрелба.

Проектилот е многу ефикасен кога треба да се уништат објекти што се користат за складирање на оружје и муниција. Кога треба директно да се погоди огнена точка со утврден непријател или вкопано артилериско орудие со екипаж. Неретко со него може да се нападнат и непријателска оклопна борбена техника, транспортни средства и слично.

Високопрецизниот проектил има мошне висок рејтинг во светот благодарение на неговата успешна употреба во Сирија. Неговата ефикасна примена беше особено видлива при пробивањето на џихадистичката одбрана во реонот на Абу Камал (Операцијата за деблокада на гарнизонот Деир ез Зор). Истата, ако не и уште поголема успешност, беше повторена при последните борби околу Саракиб и Алепо.

Врз основа на овие искуства, руските инженери работат на постојано унапредување на проектилот „Краснопољ“. Последните негови верзии имаат можност за наведување преку сателит. Прецизноста на максимални далечини достигнува респектабилни 90% (од 10 гранати 9 ќе го погодат центарот на метата). Притоа се постигнуваат минимални отклони од гаѓаната точка, кои во основа се небитни.

„Краснопољ“ е високопрецизен артилериски (хаубички) проектил опремен со разорно-распрскувачки тип на боева глава. Развиен е од Конструкторското биро за производство на прибор од Тула (Конструкторское бюро приборостроения). Сериското производство на проектилите се реализира во компанијата ОАО „Ижмаш“. Се произведува во два калибра 152 и 155мм (извозна верзија). Ефективниот дострел на проектилот е до 25 км. Рамковната цена за модернизираната верзија на проектилот со ознака „Краснопољ-М“ е 35 илјади американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња