Lada Granta добива помоќен мотор

Global Look Press
Компанијата „Супер-Авто“ од Толјати (ќерка на компанијата „Автоваз“) почна да прима нарачки за автомобили Lada Granta со мотор со запремнина од 1,8 литри и со 16 вентили.

Сега максималната сила на автомобилот Lada Granta е 117 КС со 5800 вртежи во минута, а нејзиниот максимален момент на вртежи е ограничен на 164 Нм при 4200 вртежи во минута. Треба да се истакне дека атмосферскиот мотор на ВАЗ со запремнина од 1,6 литри со индекс -21127 има моќност од 106 КС и вртежен момент 148 Нм.

Компанијата „Супер-Авто“ соопшти дека за производство на автомобилот Lada Granta 1.8L преуредува готови автомобили Lada Granta со бензински мотор од 1,6 литри ВАЗ-21127 со моќност од 106 КС. Моделите 1.8L и 1.6L не се разликуваат однадвор, дури ни под хаубата. Разликата е само во новата клипњача и вентилите кои се монтирани на моторот.

„Запремнината на моторот не е зголемена со ширењето на цилиндрите туку со поголемиот од на клиповите, т.е. со зголемувањето на радиусот на рачката на коленестото вратило, што ни малку не влијае на работниот век на моторот. Благодарение на подобрената динамика на автомобилот Lada Granta 1.8L неговото користење е покомфорно, а потрошувачката не е поголема“, велат од компанијата.

Новиот модел е веќе во продажба. За помоќниот мотор треба да се доплатат околу 35000 рубли. Рокот за изработка е 5 дена доколку за автомобилот е уплатен аванс од 100000 рубли.

Деловите на автомобилот Lada Granta со доработениот мотор целосно одговараат на фабричките. Овој модел се продава само со механички менувач со 5 брзини, но со различни варијанти на опрема и вид на каросеријата - седан, лифтбек, хечбек, караван и неговата Cross верзија.

Во прво време „Супер-Авто“ ќе ја произведува „Лада Гранта“ со мотор си 16 вентили, но подоцна ќе се појави и верзија со 8 вентили ВАЗ-21116 (1,6 л, 87 КС). Во овој момент се разгледува прашањето за дистрибуција на „Лада Гранта“ во дилерската мрежа на руската марка Lada.

Покрај помоќната верзија на автомобилот Lada Granta, фабриката „Супер-Авто“ склопува три модификации на моделот Lada 4x4: пикап, возило за брза помош и специјална верзија за Министерството за вонредни состојби на РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња