Младите пилоти во повеќенаменски ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24М на морнаричката авијација на Црноморската флота вежбаа полетување и слетување во тешки метеоролошки услови.
„Ѕвезда” ги објавува највпечатливите кадри од вежбите што се одржаа на Крим:
„За време на планските наставно-тренажни вежби, секој екипаж реализираше по 10 летови и слетувања во услови на ниска облачност и сили бочни ветрови“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Пилотите во ловците Су-30СМ исто така вежбаа елементи на акробатско летање со групирање.
„Летачките смени, во чиј состав имаше како искусни, така и млади пилоти, реализираа индивидуални летови, а потоа летови во парови и групи“, наведе рускиот воен ресор.
Наставно-тренажните летови беа реализирани според планот за борбена обука на летачкиот состав на морнаричката авијација и противвоздушната одбрана на Црноморската флота.
Во тренингот вкупно учествуваа девет повеќенаменски ловци Су-30СМ и шест бомбардери Су-24М.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче