Во Русија направена помоќна верзија на американската пушка AR-15

ORSIS
Легендарната американска автоматска пушка АR-15 во Русија започна нов живот.

Руската компанија „Промтехнологија”, позната по високопрецизното оружје од марката ORSIS, започна со производство на јуришната пушка AR-15. Таа веќе го помина тестирањето со „рускиот“ калибар од 7,62х39 милиметри.

Ова го објави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на претпријатието.

Како што објаснија стручњаци за оружје, со оглед на тоа што рускиот куршум е двојно потежок од оригиналната муниција за АR-15 калибар 5,56 милиметри, тој има поголема енергија при гаѓањето на сите растојанија. Притоа пушката не е потешка, ниту е зголемен нејзиниот трзај.

Ова не е единствената разлика помеѓу руската верзија и американската. Руските конструктори тврдат дека нивните цевки ги зголемуваат прецизноста и траењето на АR-15.
Автоматската пушка АR-15 калибар 5,56 милиметри е конструирана во 1960-тите години од Јуџин Стоунер и Џејмс Саливан. За основа на нејзината конструкција послужи нивниот претходен проект: автоматската пушка AR-10. АR-15 спаѓа во најмасовните модели на стрелечко оружје на светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња