Концернот „Калашников“ наскоро ќе ги израдува руските пилоти и тенкисти

Скриншот
Потребата пилотите и тенкистите да имаат во своето вооружување компактни автомати ги принуди оружарите да дизајнираат нови модели на стрелечко оружје. Така, концернот „Калашников“ направи линија нови автомати со мали габарити кои се идеални за нивните потреби.

Работата над развојот на семејството компактни автомати се спроведува како дел од проектот „Малиш“, пренесува интернет-порталот РГ.

„Овие автомати се развиваат во два основни калибри, 5,45 и 9 мм. Тежината на автоматот „Малиш“ е цел килограм помала од стандардното вооружување од истата класа “, рече за РИА „Новости“ главниот конструктор на концернот Сергеј Уржумцев.

Во рамките на овој концерн неодамна беа развиени два автомата кои ги носат ознаките АМ-17 и АМБ-17. Тие се замислени да ги заменат застарените модели АКС-74У. Неговата должина нема да надминува 750 милиметри, додека должината на цевката ќе биде 230 милиметри. Вкупната тежина на автоматот ќе изнесува 2,5 килограми. Капацитетот на рамката што ќе оди во АМ-17 е 30 куршуми кал. 5,45х39 мм. Направен е со проѕирни елементи кои му овозможуваат на стрелецот во секој момент да види уште колку куршуми има во рамката. На конструкцијата на автоматот исто така е интегрирана и „Picatinny“ шина, која служи за монтирање на дополнителни нишани и друга тактичка опрема.

 

Покрај класичната варијанта, се планира развој и на бесшумна верзија на автоматот со ознака АМБ-17. Посебен интерес за оваа верзија искажаа специјалните единици во состав на ФСБ, ФСО и Росгвардија.

 

Моделот АМБ-17 е опремен со придушувач кој ја намалува децибелажата на звукот што се создава при пукањето на ниво на бесшумните снајперски пушки (ВСС „Винторез“). Според ергономијата и распоредот на основните команди со ништо не отстапува од основниот модел АМ-17. Се разликува само според калибарот на оружјето. Имено, автоматот ќе користи куршум 9х39 мм. Овој модел на автомат сериозно се заканува да го замени досегашниот автомат АС „Вал“, како и горенаведениот ВСС „Винторез“. Ќе се одликува со исклучителна прецизност како и со висок степен на жилавост при експлоатацијата.

Овој автомат го коментираше и Лери Викерс, еден од водечките експерти во областа на стрелечкото вооружување.

„Јас пукав од прототипот МА врз чиј основа настанаа овие автомати. Постарата варијанта се загреваше брзо, бидејќи сандакот са затворачот беше направен од бакелит. Беше многу интересно да се видат новите решенија во врска со понатамошниот развој на оваа концепција, каде оружјето стана уште полесно“, додаде тој.

Експертите сметаат дека новиот автомат ќе го одликува голема ефикасност при блиска борба и во услови на ограничен простор.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња