Руските „Алфи“ добиваат нови автомати АМ-17 и АМБ-17 за борба против терористи

YouTube
Почетокот на техничкото испитување на најновиот автомат АМ-17 е закажан за догодина. Најновиот производ на концернот „Калашников“ неодамна беше претставен на големиот саем на оружје и воена опрема „Армија-2017“.

Покрај класичната варијанта, се планира и развој на нечуен автомат со ознака АМБ17. Посебен интерес за оваа верзија на автоматите покажаа специјалните единици во состав на ФСБ, ФСО и Росгвардија. Доколку автоматот ги помине сите ригорозни испитувања, се очекува дека до крајот на следната година да почне и неговото сериско производство.

АМ-17 е замислен како лесно оружје за самоодбрана, но и како одлично средство за потребите на специјалните единици. Неговиот габарит дава голем простор за манипулација со оружјето, што е од голема важност при изведувањето на антитерористички операции во тесен, затворен простор. Неговата максимална должина нема да надминува 50 сантиметри, додека тежината е ограничена на 2,5 кг. Опремени е со проѕирни пластични шаржери со калибар 5,45×39 мм, со капацитет до 30 куршуми. Благодарение на интегрираните „Пикатини“ шини, на него ќе може да се постави цел спектар на различни додатоци.

Моделот АМБ-17 е опремен со придушувач кој ја намалува звучноста при истрел на ниво на нечујните снајперски пушки (ВСС „Винторез“). Според ергономијата и распоредот на главните команди не заостанува со ништо зад основниот модел АМ-17. Единствената разлика е во калибарот на оружјето. Имено, автоматот ќе користи куршуми 9×39 мм. Овој модел на автомати сериозно се заканува да го замени досегашниот автомат АС „Вал“, како и споменатиот „Винторез“. Ќе се одликува со неговата исклучителна прецизност на огнот и високиот степен на издржливост при експлоатацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња