Концернот „Калашников“ ги објави техничките карактеристики на новиот малогабаритен автомат АМ-17. Неговата должина нема да надминува 750 милиметри, додека должината на цевката ќе изнесува 230 милиметри. Вкупната маса на автоматот ќе изнесува 2,5 килограми.
Капацитетот на рамката која ќе оди во АМ-17 е 30 куршуми со кал. 5.45х39 мм. Направена е со проѕирни елементи кои му овозможуваат на стрелецот во секој момент да види колку уште куршуми се наоѓаат во рамката. На конструкцијата на автоматот е интегрирана и „Пикатини“ шина, која служи за монтирање на дополнителни нишани и друга тактичка опрема.
Покрај класичната варијанта, се планира развој и на бесшумен автомат со ознака АМБ-17. Посебен интерес за оваа верзија искажаа специјалните единици во состав на ФСБ, ФСО и Росгвардија.
Автоматот со мали габарити АМ-17 е развиен врз основа на опитниот модел кој ја носеше ознаката МА. Инженерите на концернот „Калашников“ го претставија првиот модел на новиот автомат на форумот „Армија-2017“.
Моделот АМБ-17 е опремен со придушувач кој ја намалува децибелажата на звукот што се создава при пукањето на ниво на бесшумните снајперски пушки (ВСС „Винторез“). Според ергономијата и распоредот на основните команди со ништо не отстапува од основниот модел АМ-17. Се разликува само според калибарот на оружјето. Имено, автоматот ќе користи куршум 9х39 мм. Овој модел на автомат сериозно се заканува да го замени досегашниот автомат АС „Вал“, како и горенаведениот ВСС „Винторез“. Ќе се одликува со исклучителна прецизност како и со висок степен на жилавост при експлоатацијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче