Два стратешки бомбардера Ту-160 од составот на руските Воздушно-космички сили ќе ја посетат Јужноафриканската Република. Ова можеше да се слушне во соопштението на информативната служба на руското Министерство за одбрана во понеделникот, пренесува интернет-порталот ТАСС.
„Авиогрупа на Воздушно-космичките сили на Русија која ќе се состои од два стратешки ракетоносци Ту-160, патнички авион за долги релации Ил-62 и тежок воено-транспортен авион Ан-124 „Руслан“ ќе ја посети Јужноафриканската Република. Целта на оваа посета е понатамошно развивање на билатерална воена соработка меѓу двете држави, како и што подобра меѓусебна поврзаност на воздухопловните сили на руската и јужноафриканската армија“, се наведува во соопштението.
Како што нагласија од министерството, посетата „ќе помогне во зголемувањето на борбената обука на персоналот за летање на двете земји“. „Сеопфатните пријателски односи меѓу Русија и Јужна Африка се изградени во духот на стратешкото партнерство и меѓусебното разбирање“, додаде министерството.
Како што прецизираа од ТАСС, претставникот на јужноафриканското Министерство за одбрана мајор Мотсамај Маботе изјавил дека „тие го очекуваат слетувањето на руските авиони помеѓу 6 и 7 часот наутро по локално време“. Авионите ќе слетаат на пистата на воздухопловната база „Вотеркулф“ која се наоѓа во близина на главниот град Преторија“.
Според соговорникот на новинската агенција ТАСС, претставници на руската војска денеска ќе учествуваат на семинар организиран јужноафриканското Министерство за одбрана, а посветен на воени прашања. Меѓу другото, тема на овој собир ќе бидат новите трендови во однос на современите борбени дејствија, како и операциите за пребарување и спасување.
Денес, исто така, се очекува руските летечки екипажи на бомбардерите Ту-160 да го реализираат и својот прв лет на небото над Јужноафриканската Република. Притоа домашните воздухопловни сили ќе им пружат ловечка заштита. Јужноафриканското воено воздухопловство во својот состав има ловци Gripen од шведско потекло.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче