Најстариот примерок на предизвикувач на чума пронајден во Татарстан

Public domain
Можно жариште на средновековната чума е пронајдено во реонот на градот Лаишево во Татарстан. На тоа место е откриен најстариот примерок на бактеријата Yersinia pestis која, како што се смета, ја предизвикала втората пандемија на чума во историјата, позната како „Црна смрт“.

Како што пишува агенцијата „Татар-информ”, палеогенетичарите претходно ги реконструирале геномите на оваа бактерија врз основа на остатоци од XIV–XVII век, пронајдени во некои региони на Европа, вклучувајќи го и Лаишево. Потоа ги анализирале старовековните и средновековните геноми на оваа бактерија, пронајдени претходно.

Севкупно успеале да реконструираат 34 геноми на Jersinia pestis. Филогенетското стебло, составено од истражувачите, покажува дека еден од двата геноми пронајдени во Татарстан бил предок на сите останати. Се смета дека патогените добиени од таа линија се најверојатните предизвикувачи на чумата во Швајцарија и Германија во XV–XVII век, во Лондон во XVII век и во Марсеј во XVIII век.

Втората пандемија на чума, позната како „Црна смрт“, започнала во Европа во 1346 година во околината на Црното Море и во долниот тек на Волга. Во текот на првата фаза која траела до 1353 година, умреле 50% од жителите на континентот.

Прочитајте повеќе: Генетичари во Русија го открија најстариот бацил на чума во светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња