Во Русија пронајдено жариштето на средновековната чума

Бактерии-прародители на современиот причинител на болеста - бацили на чума (лат. Yersinia pestis) - се откриени во древната населба Болгар во Татарстан.

Имено овие бактерии во средината на 19 век ја предизвикале третата светска епидемија. Тоа е заклучокот до кој дојдоа научниците од Казањскиот федерален универзитет и Институтот на науката за историјата на човештвото Макс Планк од Германија. Резултати од заедничкото истражување беа објавени во журналот Cell Host & Microbe, пренесува порталот „Здравје“. 

Научниците извршија анализа на забите на починат од чума во XIV век жител на древниот Болгар – во тоа време еден од најголемите градови на Булгарскиот улус на Златната Орда (територија во состав на Монголското царство). На ист начин беа проучени и жртвите на чумата во Шпанија и во Германија. Палеоантрополозите и палеогенетичарите работеа во специјални одела и маски, затоа што во текот на истражувањето постоел ризик од зараза.

Споредувајќи ги трите реконструирани геноми на причинителот на болеста, научниците дојдоа до заклучок дека многубројните епидемии во светот биле предизвикани од ист вирус. 

Научниците не исклучуваат дека болгарската култура на бактерии е причината за пандемијата во XIV век во Европа и во Азија. Сигурни се дека таа во средината на XIX век продрела во Кина, предизвикувајќи ја третата светска епидемија.

Во иднина научниците планираат да ги откријат точките на продирање на чумата во Европа, како и да го проучат влијанието на епидемиите врз човечката популација на генетско ниво.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња