Ова за весникот „Росиjскаja газета” го соопштија од Очаковскиот комбинат за прехранбени состојки во кој се одгледани првите 40 грама такво месо.
Како база за производство на одгледано месо послужи помало парче мускулно ткиво на теле старо два-три дена, добиено со локална анестезија. Клетките се ставаат во хранлива средина која ги поттикнува растот и делбата.
Во овој момент во светот цената на таквото обработено месо е сè уште мошне висока во малопродажба и варира во дијапазон од околу 90 американски долари за килограм. Неговото производство се мери со милиони рубли, но со развојот на технологиите, цените повеќекратно ќе паднат, предвидуваат експертите на компанијата.
Ако цената на средината во која расте „месото“ поевтини, таа би можела да биде само 300 рубли за литар, наспроти 1,5-3 милиони рубли колку што сега се издвојуаат за таа намена во Швајцарија. Покрај тоа, брзината на растот на клетките не би била ништо помала од таму.
На тој начин и цената на месото би почнала да паѓа. Не е исклучено дека за неколку години тоа би претставувало конкуренција на традиционалниот бифтек во витрините на продавниците.
„Производството на месо од лабораторија е најзначајно за современото општество од етички аспект, затоа што може да се откажеме од колењето животни заради добивање месо“, вели професор Николај Шимановски, руски молекуларен фармаколог, дописен член на Руската академија на науки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче