Путин: Наредниве години Русија ќе стане предводничка на светскиот земјоделски пазар

Reuters
Според зборовите на шефот на руската држава, остварениот приход од извозот на земјоделски производи ја надминува за една третина заработката од извозот на оружје.

Русија во догледно време треба да стане една од предводничките на агроиндустрискиот пазар. Ова го изјави претседателот на Русија Владимир Путин на Серускиот форум на земјоделски производители.

„Сигурен сум дека наредниве години Русија ќе стане еден од лидерите на светскиот агроиндустриски пазар. Како што можеби забележавте, во обраќањето до Федералното собрание реков дека планиравме за четири години да почнеме да испорачуваме на светскиот пазар поголема количина на прехранбени производи од онаа која ја увезуваме. Односно Русија ќе стане нето-извозник на храна“, изјави Путин.

Како што нагласи тој, би требало да биде зголемен извозот на месни производи и високопреработени производи. Со таа цел е неопходна современа инфраструктура и логистика, решавање на проблемите на тесни јазли во железничкиот транспорт, зголемување на капацитетите на морските пристаништа, силосите и терминалите за складирање.

Тој ја истакна потребата за зголемување на испораките преку регионите на Далечниот Исток со излез на перспективните пазари на Атлантско-тихоокеанскиот регион, како и на северозапад, во Азовско-црноморскиот басен.

Русија, како што истакна Путин, треба да обрне внимание на зголемување на квалитетот на земјоделските производи и нивната конкурентност. Како што нагласи тој, во споредба со 2000 година извозот на земјоделски и прехранбени производи пораснал 16 пати.

Според него, приходот од извозот на земјоделски производи уште сега ја надминува за една третина заработката од извозот на оружје.

„Во овој момент тој е за третина поголем, односно извозот на агроиндустрискиот комплекс вреди 28,8 милијарди долари, а на одбранбено-индустрискиот 15,6 милијарди“, рече Путин.

Прочитајте повеќе: Половина свет купува руската пченица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња