Сега во РФ е со закон забрането да се одгледуваат култури со ГМО, истакна таа. „Во најскора, па дури и во среднорочна перспектива лесно ќе преживееме и без ГМО. И себеси ќе си обезбедиме доволно храна, и ќе извезуваме намирници на странските пазари. Нам ГМО сигурно не ни треба“, рече заменик-министерот.
Во рамките на петгодишниот план за развој на агроиндустрискиот сектор е планирано да се воведат во експлоатација 5 до 10 милиони хектари обработлива површина, што ќе овозможи земјоделското производство да се зголеми без користење ГМО. Исто така непрекинато се работи на зголемување на приносите, објаснува Лут. Покрај тоа, планирано е сточната храна од странство, која често содржи ГМО, да се замени со храна од домашно производство. „Во рамките на петгодишната програма ќе биде зголемено сеењето соја. Постои посебна програма за рускиот Далечен Исток“, наведе пример заменик-министерот.
Засега се изнесуваат различни ставови за влијанието на ГМО врз здравјето на човекот. Меѓутоа, има мислења дека трансгенетските прехранбени производи можат да го оштетат здравјето, истакна таа и додаде дека според тоа, ако постои можност, треба да се избегне примената на трансгенетски производи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче