„Од американското млеко на жените им никнуваат мустаќи“

Николај Власов: „Американците не попуштаат, а притоа продолжуваат да извезуваат производи без рактопамин во Европската Унија. Од нив очекуваме исти такви производи да извезуваат и во Русија.“ Извор: Сергеј Михеев/Росијскаја газета.

Николај Власов: „Американците не попуштаат, а притоа продолжуваат да извезуваат производи без рактопамин во Европската Унија. Од нив очекуваме исти такви производи да извезуваат и во Русија.“ Извор: Сергеј Михеев/Росијскаја газета.

Заменик-директорот на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција Николај Власов зборува за опасностите од увозните прехранбени производи, за можноста за увоз на месо од бивол од Индија и навестувањата за ширење птичји грип во Азија.

Зошто на рускиот пазар стасуваат штетни производи? 

Николај Власов: За жал, кај нас не постојат многу важни елементи на доверлив систем за проверка на безбедноста на производот. Како прво, не постојат механизми за идентификација и за следење на суровините и на производите кои се користат во исхраната. Како второ, не постои единствен надзорен орган. Имено, кај нас, и можеби уште и во Германија, истовремено функционираат многу независни ветеринарни служби. Во Русија нивниот број се движи околу сто и ситуацијата е надвор од секаква контрола. Како трето, кај нас не постои регистрација на пазарните актери. Во Америка, на пример, за да се регистрирате на пазарот, треба да пополните онлајн формулар и во него да ги наведете сите сопственици на бизнисот. За секој од нив треба да покажете дека немал судир со ветеринарното законодавство. Ако тоа не може да биде утврдено поединечно за секој сопственик, фирмата нема да биде регистрирана. А, кај нас функционира, на пример, некое претпријатие „Синчец“, за притоа никој не знае кој стои зад него. Ако „Синчец“ направи некој сериозен прекршок, фирмата ќе биде затворена, а наместо неа ќе биде отворено претпријатието „Лутиче“ со идентична сопственичка структура.

Во Америка на кравите-молзници им се дава хормонот за раст соматотропин. Тој делува така што кравите даваат 20% повеќе млеко. А, кај жените од овие хормони се развиваат машки полови карактеристики и ним почнуваат да им никнуваат мустаќи.

Како напредуваат преговорите со САД за обновување на испораката на месо без стимулаторот за раст рактопамин? 

Н.В.: Преговорите не мрднуваат од мртва точка. Американците не попуштаат, а притоа продолжуваат да извезуваат производи без рактопамин во Европската Унија. Од нив очекуваме исти такви производи да извезуваат и во Русија. Биолошките технологии забрзано се развиваат, но тоа не значи дека треба да се користат на штета на потрошувачите. Во Америка на кравите-молзници им се дава хормонот за раст соматотропин. Тој делува така што кравите даваат 20% повеќе млеко. А, кај жените од овие хормони се развиваат машки полови карактеристики и ним почнуваат да им никнуваат мустаќи. 

Кога станува збор за странските производители на прехранбени производи, можете ли да ги наброите кои најмногу ги кршат руските закони? 

Н.В.: Не постои земја која во своите области би била многу добар или многу лош производител и извозник. Виетнам, на пример, е добар производител кога станува збор за рибата, но, што се однесува до топлокрвните животни, е толку што овој вид производ од Виетнам воопшто не треба да се увезува. 

Постојат земји кои традиционално се наоѓаат на „црниот список“ на Федералната инспекција, како што е на пример Индија. Дали во оваа земја сепак доаѓа до некакво подобрување на состојбите? 

Н.В.: Индија би можела во Русија да извезува месо од бивол. Тоа е производ што може да го замени говедското месо. Но, засега тоа е ризично, зашто биволите често пасат на ѓубришта. Овој индиски бизнис е во фаза на развој и се појавуваат стопанства во кои се води сметка за безбедноста на производите.

Нашите колеги од Југоисточна Азија се однесуваа како ништо да не се случува и сега таму доаѓа до нов бран на ширење на птичји грип. Но, не би знаел да ви одговорам дали тој бран ќе не одмине оваа година.

Како се развива ситуацијата во врска со ширењето на африканската свинска чума (АСЧ), која би можела да го загрози сточарството во Русија?

Н.В.: Ситуацијата е сè уште неизвесна. Последниот случај на зараза се случи пред две недели во Тулската област. Засега нема сериозни проблеми. Но, состојбата може да стане исто толку сериозна, како што беше случајот минатата година. Неопходно е да се усвои државна програма за искоренување на африканската чума.

Може ли да се очекува дека ќе биде пронајден лек против африканската чума?

Н.В.: Засега не постои универзален лек против оваа болест, нити е можно тој да биде произведен со користење на постоечките технологии. Со примена на медикаменти болеста може од акутна фаза да премина во хронично заболување. На тој начин состојбата само се влошува. Или животните можат да се вакцинираат. Во тој случај животното нема да заболи, но ќе стане носител на болеста. Затоа ниту вакцината не е решение. Тоа значи дека во теорија постојат определени мерки, но тие не се ефикасни во практиката. Знаеме дека е моќно да се постигне имуност африканската чума, но сè уште не сме во состојба тоа да го оствариме на практика.

Добро е што барем птичјиот грип е совладан.

Н.В.: Се плашам дека тоа не е сосема точно. Сметавме дека темата за птичјиот грип ќе биде симната од дневен ред до 2012 година. И сè укажуваше дека тоа ќе биде така. Но, за жал, нашите колеги од Југоисточна Азија се однесуваа како ништо да не се случува и сега таму доаѓа до нов бран на ширење на птичји грип. Но, не би знаел да ви одговорам дали тој бран ќе не одмине оваа година. Но, сигурно е дека ситуацијата од 2005 година нема да се повтори, зашто нашите одгледувачи на живина се подготвени да ја избегнат опасноста. Може да дојде до определени непријатности, но очекуваме дека во прашање ќе бидат само неколку одделни жаришта на зараза.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња