„Овој авион многу добро се контролира при изведувањето штопор (сложена маневарска фигура), се врти многу брзо, застанува многу брзо, што зборува за врвни перформанси на стабилност и контрола“, изјави Богдан за ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Според него, Су-57 е многу сличен на рускиот ловец Су-35 од генерацијата 4++, додека во борба на суперсонични брзини му нема рамен.
„Авионот има исклучителни способности за забрзување и се движи во стратосферски услови со голема брзина. Исто така неверојатна е и динамиката на забрзување до суперсонична брзина на ниски висини“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче