На видеото се гледа како авионот, додека е сè уште во воздухот, го отвора падобранот за кочење непосредно пред контактот со пистата на аеродромот во Жуковски. На социјалните мрежи можеше да се прочита дека овој авион ќе учествува на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019, што од 27 август до 1 септември се одржува во близина на Москва, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Покрај овој авион, се очекува показ и на лесниот транспортен авион Ил-112, кој исто така има исклучително добра перспектива за извоз.
Необычная посадка Су-57 на аэродроме в Жуковском. Видео: Военный Осведомитель pic.twitter.com/uhwWhhQG1D
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) August 25, 2019
Во последно време се регистрира посебен интерес кај странските партнери на Руската Федерација за набавка на авионот Су-57. Вчера претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган ја посетија изложбената експозиција на аеромитингот „МАКС-2019“, каде одблиску го погледнаа Су-57. Имено, Турција е многу заинтересирана за набавка на најсовремени руски борбени летала доколку не успее нивната зделка за набавка на американските Ф-35, што најверојатно и ќе се случи по купувањето на руските ПВО-системи С-400 „Триумф“.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче