Погледнете спектакуларно видео со летачките можности на рускиот ловец Су-57

Ловец од петтата генерација Су-57 на МАКС-2019

Ловец од петтата генерација Су-57 на МАКС-2019

Скриншот
На Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 беа прикажани летачките можности на рускиот ловец од петтата генерација Су-57. Програмата беше многу содржајна и според тежината на изведувањето по ништо не отстапуваше од неговите постари „браќа“ - авионите Су-35С, Су-30СМ или МиГ-35.

Во последно време се забележува голем интерес кај странските партнери на Руската Федерација за набавка на авиони Су-57. Пред некој ден претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган ја посетија изложбената експозиција на аеромитингот МАКС-2019, каде одблизу го погледнаа Су-57.

Имено, Турција е силно заинтересирана за набавка на најсовремените руски борбени летала доколку нивната зделка околу набавката на американските F-35 пропадне, што најверојатно и ќе се случи по купувањето на руските ПВО-системи С-400 „Триумф“. Дури и новинарите во одделни руски медиуми, со шеговит тон, ѝ дадоа име на експортната верзија на овој ловец, нарекувајќи ја Су-57 „Ердоган“, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Пред некој ден се огласи и искусниот пробен пилот на борбени летала и носител на најголемиот орден Херој на РФ Јуриј Вашчук, кој рече дека не би советувал никому да ги тестира борбените способности на Су-57. Притоа тој рече дека „покрај минималната видливост за радарите кои оперираат во сите дијапазони, вклучувајќи го и инфрацрвениот спектар, овој авион поседува и суперманеварбилност, како и способност за летање со суперсонична брзина без дополнително согорување. На сето ова треба да се додаде и неговата мултифункционалност, бидејќи покрај задачите за остварување надмоќ во воздушниот простор, Су-57 може ефикасно да се бори против копнени и поморски цели“, истакна Вашчук, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња