Михаил Калашников (87), творец на познатата АК-47, на церемонијата по повод 60 години на моделот, 6 јули 2007 година, Москва. Путин рече дека АК-47 е симбол на креативниот гениј и дека треба борба против производителите на фалсифувани АК-47, поради кои Русија годишно губи 2 милијарди долари.
Getty ImagesКонструкторот Михаил Калашников кон крајот на 1940-тите конструираше автомат кој подоцна стана главно оружје на советската армија, но и еден од симболите на земјата во која настана.
Звучи парадоксално, но токму изумот на советскиот конструктор стана симбол на револуцијата - најчесто го носат герилците и противници на актуелните власти во земјите од третиот свет.
Постариот водник Михаил Калашников за време на работата на конструирање на автоматот АК-47. Автоматот на Калашников победи на конкурсот 1947 година, по што стана дел од арсеналот на СССР.
SputnikМихаил Калашников е роден на 10 ноември 1919 година во селско семејство во селцето Курја во Алтајскиот крај. Идниот конструктор беше 17-то дете во семејството. Родителите немаа доволно пари за да ги нахранат сите деца, па Михаил уште во седмо одделение најде работа и почна да работи на изградбата на Туркменистанско-сибирската железница.
Таму се заинтересира за градбата на машините и техниката. Благодарение на своето знаење, по неколку години стана тенкист во советската армија.
Калашников ги направи своите првите пронајдоци уште пред Втората светска војна. Еден од нив е бројачот на истрели на артилериско орудие, како и бројачот на километража за тенковски мотор. И двата пронајдоци беа правени сериски и користени на машините од тоа време.
Потоа дојде 1941 година. Втората светска војна пристигна и во Советскиот Сојуз. Во септември истата година Калашников како тенкист замина на фронтот, но по еден месец беше сериозно ранет и сместен во болница. Бидејќи војувањето на првата линија на фронтот беше завршени за него, се вработи во фабриката за оружје во Ижевск, каде што се занимаваше со конструирање на стрелечко оружје за армијата.
Првиот пиштол-митралез на Михаил Калашников.
V Smoothe (CC BY 2.0)Калашников го конструира својот прв автомат уште во болницата. Тоа беше пиштол-митралез за тенкисти - преносливо оружје со мали габарити кое борците можат да го внесат во тенк, каде што нема многу простор. Меѓутоа, се покажа дека ова оружје е проблематично, бидејќи нема добра густина на огнот, а во воените услови немаше време за усовршување на конструкцијата. Затоа проектот беше запрен, а Калашников се посвети на производството на сериско оружје во фабриката.
На почетокот на 1940-тите се појавија јуришните пушки - нова класа стрелечко оружје. Првите такви пушки ги имаа нацистичките трупи. Тоа беше своевидна револуција во светот на производство на оружје.
Показен примерок на АК-47 од 1948 година.
Kalashnikov MediaТие пушки беа специфични по тоа што нивниот куршум беше послаб од обичниот пушчен, но многу посилен од куршумот за пиштол. Со тоа беше овозможено силата на пушчениот истрел да се „вкрсти“ со брзината на стрелба на пиштолот-митралез од тоа време. Ова оружје имаше рафална стрелба и погодуваше цели оддалечени 100-200 метри, како и пушките од тој период.
Токму во оваа класа на оружје Калашников го забележа својот прв триумф, кога го направи познатиот АК за „меѓукалибар“ 7,62х39 мм. Тој го претстави своето дело кон крајот на војната 1945 година на тендерот распишан од страна на Министерството за одбрана за ново основно оружје на советската армија.
Кон крајот на таа деценија Калашников ја победи конкуренцијата на конкурсот. Тогаш фабриката во Ижевск, каде што работеше познатиот конструктор, започна со производство на автоматот „Калашников“, попознат во светот по ознаката АК-47.
На најпознатиот автомат на светот допрва му претстоеше темелно усовршување, во кое по Втората светска војна зедоа учество заробени германски инженери од концернот „Шмајсер“. Најголемиот недостаток на моделот АК-47 беше лошата густина на огнот. Поточно, тој воопшто немаше густина на огнот. Во текот на следните неколку години, руски и германски инженери работеа на отстранување на овој недостаток на автоматот „Калашников“.
Показен примерок на АК-47 од 1948 година.
Kalashnikov MediaТака е направена најсигурната платформа за стрелечко оружје од која ни ден-денес не постои подобра во светот. Такво мислење изнесоа припадниците на Силите за специјални операции (ССО) во разговор со редакцијата на порталот Russia Beyond.
„Калашников“ има полоша прецизност и густина на огнот од современите „Американци и Германци“, така што, во затворен и тесен простори, каде што е важна брзината, попрво би ја избрал платформата AR или H&K, но ако треба да се работи на Блискиот Исток во Сирија, тогаш без двоумење го бирам АК избере, бидејќи е сигурен и има едноставни механизми“, изјави за порталот Russia Beyond припадник на ССО за време на натпреварот на рускиот Спецназ во Чеченија.
Стрелечката платформа АК стана популарна во светот токму поради својата сигурност, а уште повеќе поради едноставното производство. Денес во светот има околу 100 милиони автомати „Калашников“ во 55 земји ширум светот. Ова се официјално регистрирани примероци, не сметајќи ги нелегалните копии на автоматот. Ова оружје може да се види во рацете на герилците или борците за независност во земјите од третиот свет.
Има неколку фактори кои доведоа до тоа. На прво место се едноставноста и сигурноста на механизмите, за што веќе стана збор, како и ниската цена. Источноевропскиот АК чини околу 300 долари, а неговиот главен конкурент на пазарот, американскиот AR-15, во најевтината варијанта чини 1000 долари.
Знамето на Мозамбик.
Getty ImagesАвтоматот „Калашников“ во својот арсенал го имаат сите земји од социјалистичкиот блок, како и многу други земји во светот. Модификации на АК-47 сѐ уште се произведуваат во Албанија, Бугарија, Унгарија, Египет, Иран, Кина, Полска, Романија и Северна Кореја, често и без лиценца.
Силуетата на автоматот „Калашников“ може да се види на државниот грб, знамето и парите на Мозамбик, и на грбот на Зимбабве. До неодамна силуетата на легендарното оружје го красеше и грбот на Буркина Фасо.
Полицијата по тепачка уапси тројца осомничени и заплени 14 автомати АК-47, 6 мобилни телефони, многу муниција и готовина во провинцијата Чонталес, Никарагва.
ZUMA Press/Global Look PressОвој автомат е популарен и меѓу криминалците ширум светот. На пример, членовите на латиноамериканските нарко-картели дури и му дадоа прекар „cuerno de chivo“ ( „козји рог“, судејќи според се поради закривената рамка за муниција).
Платформата создадена од Калашников кон крајот на 1940-тите години стана основа за развој на цел сектор на вооружување во СССР. СИТЕ последователни автомати и митралези, независно од калибарот и габаритите, во Советскиот Сојуз и Русија се правени врз основа на системот за одвод на барутните гасови и механиката на моделот АК.
Работници прават АК-47 на лента во фабрика за оружје, 23 ноември 2002 година, Ижевск, 1000 километри источно од Москва.
Getty ImagesВо наредните половина век, по првиот модел, Михаил Калашников и неговите ученици во Ижевск направија цела низа автоматски пушки – малогабаритниот автомат „Витез“ со калибар 9 мм за тесни простории и урбани области, каде што преголемата моќ на АК може да пробие ѕид и да повреди цивили; митралезот „Калашнико“ и неговите модификации како моделот „Печенег“ со калибар 7,62х39 мм; усовршената верзија на АК во текот на 1970-тите со калибар од 7,62х39 мм и многу други модели на стрелечко оружје за разни намени.
Конструкторот на оружје Михаил Калашников во музејот на фабриката „Ижмаш“, 2012.
Руслан Кривобок/Sputnik„Ако не беше Втората светска војна јас веројатно ќе конструирав техника која ќе ја олеснува тешката работа на селаните. Германците се виновни што станав воен конструктор“, изјави Михаил Калашников за новинарите на изложбата посветена на 60-годишнината на моделот АК-47.
Михаил Калашников до последните години на својот живот учествуваше во развојот на ново оружје во својата фабрика во Ижевск. Умре во декември 2013 година по тешко боледување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче