Од Кина до Данска: Варијанти на „Калашников“ од цел свет (ФОТО)

Legion Media
Russia Beyond ви нуди колекција на најнеобичните верзии на легендарниот автомат АК-47, кој производителите од цел свет се обидуваа да го адаптираат на своите армии и потреби.

АМР69

Ова е унгарска верзија на АК. Неговата главна одлика е способноста  за дејство со тромблонски мини.

AIMS74

Тоа е романската верзија на автоматската пушка „Калашников“ со калибар 5,45х39 мм, чија навлака на цевката ја осмисли претседателот Николае Чаушеску.

INSAS

Ова е индиската реплика на јуришната пушка „Калашников“ за локалниот куршум со калибар  5,56х45 мм. Се поврзува со вооружувањето на милитантите од целиот свет, бидејќи овој модел лесно може да се најде на црните пазари во Азија. Поради ова стана познат ширум светот, па дури се најде и во арсеналот на терористите во видеоиграта „Кантер Страјк“.

AMD-65

И ова е унгарска верзија на јуришната пушка „Калашников“ со калибар 7,62х39 мм. Впечатлива разлика е тоа што дрвената навлака и кундакот, според кои е познат класичниот „Калаш“, се заменети со вертикален преден ракофат и метален кундак на преклопување.

АКМ-63

Варијанта на претходниот модел AMD-65, но изработена од дрво.

Madsen LAR

Се работи за дански „Калашников“, за кој кон крајот на педесеттите години од минатиот век постоеше добра шанса да влезе во арсеналот на армиите на НАТО место белгискиот FN FAL и германскиот Heckler & Koch G3.

Гледано однадвор, овој автомат воопшто не личи на советската класика, но срцето на оружјето е неговиот механизам, кој – во смисла на проводникот на гасови, затворачот итн. – е целосна реплика на автоматот „Калашников“.

Единствената маана на оружјето е тоа што не беше можно да користи советски рамки за него. Само нивните „роднини“. До денес опстанаа само неколку парчиња од ова оружје, а можат да се најдат во Музејот на кралската данска оружарница во Копенхаген.

Застава М70

Една од поквалитетните реплики на советскиот автомат АК-47 е југословенската автоматска пушка „Застава М70“ со калибар 7,62 x 39 мм од 1970 година, достапна во неколку варијанти од кои главни се М70Б1 со фиксен дрвен кундак и М70АБ2 со метален кундак на преклопување. За разлика од повеќето други реплики на „Калашников“, М70 може да користи тромблонски мини. Произведени се речиси четири милиони примероци.

Тип-56

Ова кинески автомат „Калашников“ со бајонет и можност за монтирање на регулатор на  трзајот. Се произведуваше од средината на педесеттите години на минатиот век на територијата на Народна Република Кина и стана едно од главните оружја во рацете на Виетконг во текот на Виетнамската војна.

Прочитајте повеќе: Калашников – и пука, и лета, и плови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња